(ВИДЕО) МАЖИТЕ ПОРАДИ КУКАВИЧКИТЕ ГЕНИ ФАРМЕРКИТЕ ГИ ЗАМЕНИЈА СО ЗДОЛНИШТА: Интервјуто на Шон Пен ја воодушевил публиката!

Шон Пен неодамна дал интервју за „Индипендент“ и во него проговорил за својот поглед на мажественоста.
Шон Пен во едно интервју зборуваше за своите ставови за машкоста, а темата ја отворил со реченицата: „Ми се чини дека мажите многу се феминизираа“. Тој понатаму се осврнал на, како што ги нарече, „кукавичките гени“ кои се виновници за тоа што мажите „фармерките ги заменија со здолништа“.
– Имам исклучително силни жени во мојата средина кои не ја гледаат машкоста како симбол на угнетување кон нив – рекол тој.
Претходно овој месец, Пен, исто така, изјави за iNewspaper дека нема, ниту некогаш имало, никаква врска со машкоста ако некој е груб или навредува и не ги почитува жените.
„Но, не мислам дека за да бидеме фер кон жените, треба да станеме тие“, истакнал актерот и режисер.

View this post on Instagram

A post shared by Dylan Penn (@iamdylanpenn)


На интервјуто присуствувала и Дилан, ќерката на Шон Пен, а новинарката која го водела разговорот тврди дека Дилан го напуштила интервјуто во тишина поради одговорите на нејзиниот татко и била „загледана во празно“.
Повод за интервјуто беила промоцијата на новиот филм на Шон Пен, „Ден на знамето“, во кој глуми со својата ќерка Дилан.
Филмот е базиран на мемоарите на Џенифер Фогел Флим-Флам Ман од 2004 година и зборува за нејзината борба да се помири со минатото на нејзиниот татко измамник. Сепак, филмот досега доби прилично мешани критики од публиката и критичарите.


View this post on Instagram

A post shared by Dylan Penn (@iamdylanpenn)


Пен објаснува дека оваа книга и ја дал на својата ќерка кога имала 15. години и ја замолил да размисли дали би сакала да ја глуми младата Џенифер. Бидејќи никогаш порано не глумела, Дилан признава дека не сакала да ја прифати понудата на нејзиниот татко.
„Никогаш не сакав да бидам пред камера. Никогаш за себе не размислував како актерка“, додала Дилан, иако, се разбира, не можела да се држи настрана од таа работа, со оглед на тоа што целото семејство е во неа. Нејзиниот дедо, таткото на Шон Пен, бил актер и режисер Лео Пен. Бабата на Шон, Ајлин Рајан, исто така глумела и често се појавувала во филмовите на нејзиниот син, додека нејзината мајка Робин Рајт стана позната на 21-годишна возраст по нејзината улога во „Невестата принцеза“.

Фото: Принтскрин/Youtube/The Late Show with Stephen Colbert

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Девојка споделила совети за љубовни состаноци: „Ако ги слушнете овие три работи, бегајте што побргу“

Запознавањето и воспоставувањето романтична врска често не е лесно, а една девојка на Тикток објаснила …