Андреа се надева дека ќе ја претставува нашата земја на Евровизија со Circles

Circles се вика песната на Андреа која влезе во најтесниот круг од 6. песни за националниот избор на песна и претставник на Евровизија 2022 во Торино, Италија. Македонија конечно за прв пат има можност по пат на онлајн гласање да ја избере песната што ќе нè претставува на Евровизија оваа година. Circles ја доловува суштината на „the Sound of Beauty”, темата на Евровизија 2022 во Торино.

Дуото останува непроменето – текстот го напишаа Александар Масевски и Андреа, а Масевски се јавува и во улога на композитор и арнажер на музиката. Главната одлика на Circles e светски звук што носи емоција која постепено расте и успешно му ја пренесува енергијата на слушателот. Мелодијата е заразна, а текстот е едноставен и во него ќе се пронајде секој кој бил скршен од љубовта и очекувањата од врската. Circles е песна за моментот кога ја земеме судбината во свои раце и сфаќаме дека сме доволно силни да направиме позитивна промена во својот живот!


View this post on Instagram

A post shared by Andrea (@andreamusic20)


Андреа е експресивен изведувач, а нејзиниот перформанс е искрен и спонтан. „Circles ја напишавме во период кога бев во една токсична врска од која долго време ни се чинеше дека нема излез. Чувствата беа пресилни, но опстанокот на врската беше невозможен. Оваа песна раскажува за моќта што ја најдовме во себе за да излеземе од тој „магичен” круг, да се пронајдеме повторно себе и да продолжиме понатаму. Се надевам дека ќе ја сретнам таа личност повторно некогаш, зашто сите растеме, созреваме, се менуваме… Оваа можност за мене претставува исполнување на еден сон, а воедно и огромна одговорност затоа што кога доаѓаш од земја која изобилува со музички таленти, мора да дадеш сè од себе за да ја оправдаш довербата”, изјавува Андреа.


Ова е линкот на кој јавноста ќе може да гласа за Circles и да ја испрати Андреа во Торино.

Европа веќе ја познава музиката на Андреа и таа е најслушаниот изведувач од Македонија во Европа и Америка. На нашата сцена се појави кон крајот од 2020-та со јасна намера да напредува и да гради светска кариера. Оттогаш во континуитет објавува нови песни и работи на својот прв албум. Родена е на 14 февруари 2000 година и живее во Скопје. Љубовта кон музиката се раѓа при нејзиниот прв контакт со госпел, соул и R&B музиката додека одреден период живеела во Харлем со нејзиното семејство.

View this post on Instagram

A post shared by Andrea (@andreamusic20)


Светските музички блогови за неа велат дека „прикажува соул тонови со самодоверба и софистицираност на многу поискусен уметник” и ја нарекуваат „водечки инди уметник во Македонија”. За Андреа има објави во музички блогови во САД, Бразил, Полска и Русија. Таа беше интервјуирана за радиа и подкасти во САД, Велика Британија, Холандија и Мексико. Нејзиниот прв сингл „I know” се емитуваше на преку 200 радио станици во над 40 земји.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Меган Маркл како вистинска дама на Холивуд: Носела интересен летен стајлинг

Меган Маркл отсекогаш имала вкус… Меган Маркл и принцот Хари викендов беа домаќини на хуманитарен …