ЗОИ ПЕКИНГ 2022: Кој се’ ќе го претставува македонското знаме!

Денес во просториите на МОК беше претставена македонската Олимписка делегација која ќе учествува на зимските Олимписки игри Пекинг 2022 и тоа во следниот состав:
– Ана Цветановска – Крос кантри – тренер, Борче Јовановски – дисциплини 7,5 км слободно плус 7,5 км скијатлон и 10 км класично (настап на 5 и 10 Февруари).
– Дардан Дехари – Слалом и Велеслалом – тренер Антонио Ристевски (настап на 13 и 16 Февруари).
– Ставре Јада – Крос кантри – тренер Борче Јовановски/дисциплини Спринт слободно 1,5 км и 50 км слободно (8 и 19 Февруари).
Ставре Јада се заблагодари на МОК посебно за делот на финансирањето и на доделените 54.000 американски долари за припреми и учество на натпревари.
Истиот износ, по 54.000 американски долари беа инвестиран и во Михаела Даноска и Мирко Лазаревски кои за жал не успеаа да обезбедат Олимписка норма.

This image has an empty alt attribute; its file name is mok-5.jpg
Дардан Дехари доби посебна финансиска помош од 300.000 денари за своите завршни подготовки.
Олимписката делегација на церемонијата на отварање на игрите ќе биде облечена од страна на престижната турска компанија Кигили кои за оваа специјална пригода направија посебна линија за церемонијата на отварање на ЗОИ Пекинг 2022. Македонската спортска компанија Мегаспорт се погрижи за спортскиот дел од облеката која ќе ја носат нашите олимпијци во олимпиското село и на спортските арени.


This image has an empty alt attribute; its file name is mok-1.jpg
Поставени се строги правила во поглед на Ковид пандемијата и сите учесници на олимпијадата ќе бидат под строго контролирани и поставени мерки на кои ќе мора да се придржуваат во текот на нивниот престој во Кина.
Македонското знаме на церемонијата на отварање на зимските Олимписки игри ќе го носат Ана Цветановска и Дардан Дехари.
Уште еднаш посакуваме успешно учество на ЗОИ Пекинг 2022 на целата македонска Олимписка делегација.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Давидовски испиша историја, прв Македонец со победа во ТЦР Европа

Автомобилистот Виктор Давидовски успеа да испише историја и стана првиот Македонец со победа во престижниот …