ПАРТНЕРОТ ФЛЕРТУВА СО ВАШИТЕ ПРИЈАТЕЛКИ: Еве како да откриете дали се работи за МИКРО-ИЗМАМА

Иако сте во врска неколку месеци, сепак вашиот партнер се допишува со поранешната девојка на социјалните мрежи? Ова може да укажува на проблем во вашата врска, но и дека всушност се работи за микро-прељуба.
Психологот Ема Кени објаснила што е микро-изневерување и кои се видови постојат.

1. Вашиот партнер сè уште има профил на мрежите за запознавање
И’ покрај тоа што сте во фаза кога сте предодредени да бидете моногамни, вашиот партнер сè уште има отворен профил на страницата за состаноци за во случај да дојде некој подобар. Ова негативно влијае на вашата моментална врска.


2. Одржува контакт со бившиот партнер
Сè уште се допишува со поранешниот партнер на социјалните мрежи? Ова покажува дека тој се уште има чувства кон него или дека има потреба за потврда, што значи дека вашата моментална врска е на разнишан терен.

3. Флертува со вашите пријателки
Кога излегувате заедно, повеќе време поминува разговарајќи и флертувајќи со вашите пријателки отколку со вас. Ова е многу омаловажувачко за партнерот и укажува дека ќе имате проблем со довербата во врската.


4. Се преправа дека нема искра со некој друг
Ако сте забележале дека вашиот партнер поминува многу време со друга жена, веројатно има повеќе од само дружење. Доколку партнерот ве уверува дека се само пријатели и дека нема ништо повеќе од тоа, тогаш активно ја саботира долгорочната доверба меѓу вас двајца.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Што значи кога го сонувате поранешниот партнер: Едно значење е ПРЕДУПРЕДУВАЧКО – важна ПОРАКА е на пат до вас

Не постои личност на која не и се случило да сонува за поранешен партнер или …