Го местите креветот наутро или не – што кажува тоа за вас?

Ако немате навика да го местите креветот, а неодоливо сакате да ја усвоите таа навика, ова е рецептот: научниците велат дека се потребни 66. дена за една задача да стане навика и рутина.
Местењето на креветот не одзема многу време, но некои луѓе сепак го оставаат ненаместен. Некои го сметаат за бесмислена работа и губење време затоа што и онака ќе бидат повторно во него на крајот од денот, други се само мрзливи, трети секогаш стануваат предоцна и доцнат… И оние кои секое утро го местат имаат свои причини зошто го прават тоа – им се допаѓа спалната соба да е уредна, навикнати се од детството, сите го прават тоа, па ете и тие…
Местењето на креветот по будењето има многу подлабоко значење од самата навика. Експертите тврдат дека вредното затегнување на чаршафите секое утро, исправување на перниците, уредно редење јоргани, ќебиња итн. за луѓето го покажува следново:

1. Сакаат да се чувствуваат корисно
Со местење на креветот наутро го добиваат првото чувство дека биле корисни тој ден, исполниле една задача… Затоа и го започнале работниот ден веќе малку горди на себе и сакаат да го задржат тоа чувство во текот на денот. Затоа до вечер ќе се обидат да завршат уште некои задачи, бидејќи така се чувствуваат добро.


This image has an empty alt attribute; its file name is mestenje-krevet.jpg

2. Состојбата на креветот е состојба на умот
Постои израз дека креветот е одраз на човекот – уреден кревет, уреден живот. Оние кои сакаат наместен кревет, сакаат да имаат ред во животот. Луѓето кои не се согласуваат со него добро се снаоѓаат во хаосот и тој не им прави толку голем проблем како што им прави на уредните.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дали има идеална разлика во годините меѓу романтичните партнери? Еве што велат новите истражувања

Ако воопшто можеме да планираме љубов, ова би можело да биде идеалната разлика во годините …