(ВИДЕО) Погребан е Аки Рахимовски – во 15. часот последната песна на легендата беше пуштена на 150 радио станици во Хрватска и регионот

Последното збогување на Аки Рахимовски се одржало во загрепски Мирогој во Алејата на великаните.
Пред ковчегот била поставена посвета на музичарот. „Нашата улица е тажна откако не си тука… Затоа што тажната песна ја пеат оние што остануваат“, пишува на плакатот до фотографијата на Аки. Ова се стихови од песната Парни Ваљак, „Moja je pjesma lagana“.


На последното збогување присуствувале голем број музичари и пејачи
Потоа започнала песната I Did It My Way. Фотографијата на Аки на погребот ја носеле неговите внуци. На погребот на Аки Рахимовски дојдоа многу негови колеги и пријатели. Меѓу првите се појавил Хусеин Хасанфендиќ Хус, неговиот колега од „Парни Ваљак„. Заедно со колегите од „Парни Ваљак“, на погребот на Аки пристигнале Дино Јелушиќ, Нено Белан, Ивана Плечингер, Јурица Паѓен, Едвин Софтиќ, Тина Кресник, Џибони, Нина Бадриќ…
Претходно бендот побарал поради епидемиолошки мерки фановите на Аки наместо на погребот да се простат оставајќи ја посветата во Бунарот на животот пред загрепската ХНК. Аки Рахимовски почина на 67-годишна возраст.


Повеќе од 150 радио станици низ Хрватска и регионот ја објавија песната наречена „Поново“ точно во 15 часот – последната песна што ја испеа Аки.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Меган Маркл како вистинска дама на Холивуд: Носела интересен летен стајлинг

Меган Маркл отсекогаш имала вкус… Меган Маркл и принцот Хари викендов беа домаќини на хуманитарен …