ЦРНИ БРОЈКИ ВО БУГАРИЈА: Рекорден број на новозаразени со корона вирусот

БУГАРИЈА денеска пријавила рекордни 12.399 нови случаи на коронавирус за еден ден, покажуваат официјалните податоци, при што повеќето случаи се предизвикани од позаразниот вид омикрон.
Бугарија, која вакцинираше помалку од 30. отсто од своите 7. милиони жители, забележа уште 73. смртни случаи во последните 24 часа, јавуваат агенциите.
Во болниците се примени околу 5.300 лица, од кои 692. се на интензивна нега.
Според последните податоци, бројот на заразени од почетокот на пандемијата во Бугарија надмина 903.000, а починале 32.869 лица.
– Неодамнешниот скок на бројот на деца со позитивен тест за коронавирус ги поттикна бугарските власти да размислат за продолжување на еднодневниот одмор на девет дена, почнувајќи од 29. јануари, рекол бугарскиот министер за образование.
Над 38. отсто од учениците се префрлија на онлајн настава, додека рестораните, кафулињата и баровите во главниот град Софија од утре ќе треба да работат со 50. отсто капацитет и до 22. часот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Меган Маркл како вистинска дама на Холивуд: Носела интересен летен стајлинг

Меган Маркл отсекогаш имала вкус… Меган Маркл и принцот Хари викендов беа домаќини на хуманитарен …