(ФОТО) Емотивната исповед на Жељко Самарџиќ за неговата мајка од која го наследил ТАЛЕНТОТ: „И пеев на мајка ми на смртната постела“

Пејачот проговорил за болните животни моменти.
Пејачот Жељко Самарџиќ открил дека талентот за музика го наследил од мајка си.
Имале омилена песна која обожавале да ја пеат заедно, па дури и во последните денови од животот на мајка му и ја пеел и никогаш нема да може да ја заборави таа сцена.
– Татко ми немаше слух, а мајка ми прекрасно пееше. Преку нејзината песна ги научив сите севдалинки. ‘Некаде во далечина ми се губат очите’… дури на еден концерт пеев во нејзина чест. Тоа беше годината кога таа почина и тоа беше моја морална задача. Тешко ми беше да пеам, ми се стегна грлото – открил пејачот.

Рекол дека токму со таа песна пораснал со мајка му, па раскажал за ситуација од која течат солзи.
– Можеби тоа е дури и песната со која се разделив од мајка ми. Имала мозочен удар и не била свесна. Се сеќавам кога дојдов во Никшиќ да ја посетам и ја држев за рака и таа ми рече „Господине, дали ќе ме покриете со ќебе“. Кога и кажав дека сум јас, нејзиниот син, Жељко не ме препозна. Потоа ѝ ја испеав таа песна. Почнав, а таа наеднаш се освести. Беше толку болна и тажна разделба. Секогаш се сеќавам на тоа. Набргу потоа таа почина – завршил Жељко.


Фото: Принтскрин/YouTube/Sve što mi pripada – Официјален канал

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Што може да се случи во вашиот организам ако јадете ДВЕ ЛАЖИЧКИ МЕД секој ден? Канадските научници дојдоа до многу интересни податоци

Еве како редовното консумирање мед може да влијае на организмот Канадските научници истражувале и утврдиле …