ТЕШКИ ДЕНОВИ ЗА АЛЕК БОЛДВИН: Адвокатите бараат да се отфрлат обвинувањата за нанесување штета

АДВОКАТИТЕ на холивудскиот актер Алек Болдвин и другите продуценти на „Rust“ бараат од судот да ја отфрли тужбата на сценаристката Мами Мичел, која била на сетот кога Болдвин испукал куршум што ја уби снимателката Халина Хачинс.
Во поднесокот до Високиот суд во Лос Анџелес во понеделникот, адвокатите рекле дека тужбата на Мичел треба да се отфрли бидејќи нема докази дека Болдвин или некој од продуцентите имале намера да предизвикаат штета.
– И’ покрај обидот на обвинителот да ги прогласи наводите за намерни, ништо во однос на обвинувањата не укажува дека некој од обвинетите намерно извршил штетно однесување, се наведува во поднесокот на адвокатот.

This image has an empty alt attribute; its file name is alek-boldvin-i-halina.jpg
Мичел во тужбата поднесена во ноември тврди дека Болдвин требало сам да провери дали пиштолот е наполнет со муниција, а не да се потпира на помошникот директор кој тврдел дека револверот Colt 45 е безбеден за употреба.
-Наместо тоа, според нас, Болдвин избра да игра руски рулет кога пукал со пиштол без да го провери оружјето. Неговото однесување и однесувањето на продуцентите било несовесно, се вели во тужбата против Алек Болдвин и неговите колеги, која Мичел ја поднела пред Високиот суд во Лос Анџелес за нанесување емоционален стрес и намерна штета.
Во нејзината тужба биле именувани и оружарката Хана Гутиерез-Рид и помошникот режисер Дејв Холс.
Снимателката Халина Хачинс беше убиена, а режисерот Џоел Соуза беше ранет за време на снимањето на една од сцените од филмот „Rust“, во Ново Мексико, на 21. октомври 2021. година, кога Болдвин испука борбен куршум.


Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) БОЛНА ИСПОВЕД НА ВИЛ СМИТ КОЈА ШОКИРАЛА МНОГУМИНА: Гледав како ми исчезнуваат ПАРИТЕ и куќата, а проговорил и психоделичното искуство!

Вил Смит гостувал во шоуто на Нетфликс „My Next Guest Needs No Introduction“ (На мојот …