(ВИДЕО) Фантастичниот Циципас во трето полуфинале на АО

Стефанос Циципас се пласираше во полуфиналето на Австралија опен. Грчкиот тенисер лесно го победи Италијанецот Јаник Синер со 6:3, 6:4, 6:2.
Циципас по трет пат во кариерата ќе игра полуфинале во Мелбурн – загуби од Надал во 2019. година, а лани беше подобар од Медведев.
Тој за неполни два часа триумфираше над десеттиот играч во светот. Натпреварот го заврши со 30 винери и 28 неизнудени грешки. Не се соочи со ниту една брејк топка, додека ги искористи сите свои четири. Синер имаше 18. директни поени и 22. промашувања од игра.
Синер го претрпе првиот пораз сезонава.
Ривал на Циципас во полуфиналето ќе биде победникот од дуелот Медведев – Оже-Алиасим.

Фото: Принтскрин/Twitter


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЧЛЕН НА СЛАВНО СЕМЕЈСТВО – Ромео Бекам изненадувачки се приклучил на клуб од Премиершип 19 години по заминувањето на неговиот татко

Ромео Бекам, синот на познатиот англиски фудбалер Дејвид Бекам, се приклучил на тимот на Брентфорд …