На денешен ден пред две години како гром од ведро небо одекна веста – Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа во Калифорнија.
Тага, неверување, солзи… Во момент, кошарката буквално престана. Спортот престана, замина еден од најголемите, иконата на Лос Анџелес Лејкерси и најсилната лига во светот.
Коби загина на 42-годишна возраст, а неговата 13-годишна ќерка Џана и уште седум лица загинаа во несреќа во Калабасас.
Брајант целата своја кариера ја помина во Лејкерси (1996-2016), со кои освои пет шампионски прстени. Еднаш беше избран за најкорисен играч во НБА лигата, а два пати во големото финале и 18. пати учествуваше на Ол-стар натпреварите.
Лејкерси му повлекоа два дреса и тој е единствениот играч кој добил ваква чест во историјата на НБА. Тој постави рекорд во кариерата во 2006. година кога против Торонто постигна 81. поен. Пред него е само Вилт Чембрлен со 100. поени. „Црната мамба“ е и четврти најдобар стрелец во историјата на НБА (33.643) пред Мајкл Џордан.
RIP Kobe Bryant and Gianna Bryant 🙏🏽 pic.twitter.com/qVlYJe26m5
— Carrington (@901_Carrington) January 26, 2022
Брајант е една од најпрепознатливите спортски фигури на 21. век, легендарни се неговите тимови на Лејкерс, кои ги водеше заедно со Шекил О’Нил, со кој имаше многу несогласувања, но и уште една „династија“ на Лејкерси со која освојуваше титули во 2009. и 2010. Пол Гасол и Ламар Одом, меѓу другите, му беа соиграчи.
Во кариерата имаше просек од 25. поени, 5,2 скока и 4,7 асистенции.
Со репрезентацијата на Соединетите Американски Држави освои златни олимписки медали во 2008. година во Пекинг и 2012. година во Лондон, а беше и американски шампион во 2007. година.
Тој беше познат и по неговиот интерес за филмот, а во 2018. година доби Оскар за најдобар краток анимиран филм на годината за филмот „Драга кошарко“.
Тој беше постхумно примен во Кошаркарската куќа на славните во Спрингфилд во 2021. година.
Фото: Принтскрин/YouTube