(ФОТО) НЕ МОЖЕ ДА СТАНЕ ОД КРЕВЕТ: Нарушено здравјето на познатата пејачка

СЕЛИН Дион ја откажала долгонајавуваната турнеја во октомври поради лоша здравствена состојба, а сега нејзината пријателка изразила загриженост за нејзината состојба.
News.in објавиле дека Селин, наводно, повеќе не може да стане од кревет или да се движи.
Нејзиниот ПР тим претходно објавил дека пејачката страда од мускулни контракции, поради што не може нормално и безбедно да се движи низ сцената, а потоа го откажала концертот во Лас Вегас. Сепак, таа наводно со месеци се бори со силни и долготрајни грчеви во мускулите, а нејзината пријателка истакнува дека Селин има силни болки во нозете и стапалата кои целосно ја парализираат.

View this post on Instagram

A post shared by Céline Dion (@celinedion)

loading...

Рекла и дека Дион многу ослабела, а поради ваквата здравствена состојба и било тешко да се грижи за нејзините синови, близнаците Еди и Нелсон.
Инаку, Селин на 15. јануари им се обрати на фановите на Инстаграм, истакнувајќи дека е оптимист.


View this post on Instagram

A post shared by Céline Dion (@celinedion)


-Мислев дека до сега ќе закрепнам, но изгледа дека ќе мора да ги послушам советите на докторот уште некое време и да бидам трпелива. Едвај чекам целосно да закрепнам и да се вратам на секојдневието како и на сцената – рекла таа и додала дека е трогната од поддршката што и ја даваат и дека тоа многу и значи.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ако сакате да ве следат среќа и здравје, утре јадете го ова овошје: Обичај на Крстовден што мора да го испочитувате!

Оној што е крстен со крст пости на Крстовден“ Крстовден е голем празник што Македонската …