Познат е првиот голем турнир на кој ќе настапува Новак – вакцините не се пречка

Најдобриот тенисер на планетата Новак Ѓоковиќ ќе ја започне сезоната во Дубаи, соопштено е во вторникот.
Новак е пријавен за овој турнир кој се одржува од 21. до 27. февруари, кој го освоил претходно.
Тој требаше да ја започне сезоната во Австралија, бранејќи ја титулата на Австралија опен, но оттаму беше депортиран откако по вторпат му беше одземена визата.
Ова се случи поради проблеми со документите за медицинско ослободување и неговите ставови за прашањето за вакцините.
Според Tennis World, тоа нема да биде пречка во Дубаи, каде Ѓоковиќ ќе може да ја усоврши својата форма за продолжението на сезоната.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Давидовски испиша историја, прв Македонец со победа во ТЦР Европа

Автомобилистот Виктор Давидовски успеа да испише историја и стана првиот Македонец со победа во престижниот …