Како да направите баланс во организмот после празниците?

Колку и да се трудите да бидете умерени, но и да внимавате на исхраната и алкохолот, скоро сите за време на празниците се опуштаме малку повеќе и здравите животни навики ги ставаме во листата на новогодишни желби и одлуки за кои ветуваме дека ќе ги исполниме по завршетокот на празниците.

Навистина, не е воопшто лесно да се откажеме од празничната трпеза, како и од бројните традиционални солени и слатки деликатеси, но тоа што сигурно може да се потрудите е да ја контролирате количината при внесувањето на храната, па дури и ако малку претерате, по празниците може да се посветите на прочистување, односно детоксикација на организмот.


Според нутриционистите, празничната трпеза иако е многу вкусна, истата знае да биде тешка и калорична со масти и шеќери. Како резултат на ова, доаѓа до побавно варење на храната во организмот, бавен метаболизам, како и зголемена акумулација на отпадни материи во организмот кои можат да предизвикаат главоболка, замор, запек, надуеност, акни, алергии, зголемување на телесната тежина, анксиозност и депресија.

Детоксикацијата на организмот доведува до чистење на телото од штетни материи, надополнување со витамини и минерали, но и подобрување на општата состојба на метаболизмот после прекумерното внесување на масти, шеќери и алкохол.


This image has an empty alt attribute; its file name is DSC_0265ed.jpeg

Советите за прочистување на организмот после празниците започнуваат со повик секогаш да водите грижа за доволна хидратација за ефикасна детоксикација на организмот, внесување на доволно течности кои помагаат за полесно и побрзо варење, но и побрзо исфрлање на токсините од телото. Освен вода, за детоксикација важни се незасладените билни чаеви и лимонади, како и други природно цедени овошни сокови кои ни даваат енергија и го подобруваат нашето здравје. Важно е да се истакне дека мора да се избегнуваат алкохолот, цигарите, енергетските пијалоци и кафето.

Црниот дроб најмногу страда од празничната неумереност во исхраната и пиењето, особено поради прекумерното внесување на шеќери, масти и алкохол, затоа по празниците обидете се да намалите со консумирање на месо, производи од брашно, слатки, колачи, а исфрлете ги и алкохолните пијалоци. За црниот дроб препорачливо е да пиете чаеви од корен од глуварче, коприва, цикорија. Освен чаеви, зеленчукот како аспарагус, кељ, зелка, брокула се исто така добри за црниот дроб, а од овошје задолжително вклучете сок од грејпфрут, јаболка, моркови и цвекло.

Се препорачува дневно да овозможите внес на храна богата со влакна како интегрални житарки, трици, мешунки, семки, овошје и зеленчук кои влијаат на правилно функционирање на варењето, но и помагаат во елиминација на штетните материи од организмот. Зголемете го внесот на овошје и зеленчук, по можност од органско производство, за да внесете доволно витамини, минерали и антиоксиданси кои ќе го зајакнат вашиот имунитет и ќе ги ублажат штетните ефекти од токсичните материи.

This image has an empty alt attribute; its file name is 139_AP_GLOBAL07_-ARTIST_ROW_0039_NH_ALT_CMYK.jpg

Освен во супите и чорбите или како прилог на главното јадење, зеленчукот може да го мешате во разни салати или заедно со овошје во вкусни комбинации на различни смути, кои се хранливи и здрави.

Елиминирајте го внесот на брза и сува храна, масна и пржена, индустриски преработена храна, слатки, газирани и засладени сокови, алкохол и цигари. Не претерувајте со количината и обидете се да ја распределите храната во помали оброци кои ќе ги консумирате во текот на целиот ден, со што ќе го забрзате метаболизмот и ќе ја подобрите работата на дигестивниот систем. Доколку сте во можност, внесете и физичка активност во вашата дневна рутина за да го забрзате метаболизмот и побрзо да ги исфрлите токсините од телото.

Доколку сте пушач, пробајте да се откажете, затоа што цигарити му штетат на вашиот организам, а најмногу на белите дробови. Доколку не можете да се откажете од цигарите, но сакате да продолжите со пушење, тогаш одберете помалку штетна алтернатива, односно електронски уреди. Револуционерно откритие при создавањето на овие производи претставува процесот на загревање на тутунот, наспроти согорувањето. Имено, никотинот според многу научни истражувања не е примарен причинител за болестите поврзани со пушењето, така што оваа технологија овозможува загревање на тутунот до оптимална температура доволна за ослободување на никотинот, а притоа избегнувајќи ги другите штетни состојки кои се создаваат при горењето како катран, јаглероден моноксид и слично.

Запомнете, потребата за детоксикација на организмот, правилните и здрави навики во исхраната не треба да се спроведуваат само по празниците, туку секој ден! За да постигнете позитивни резултати за вашето тело, организам и здравје, обидете се да внесувате што повеќе здрави навики во вашето секојдневние, затоа што само здраво тело има здрав дух!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Што значи кога го сонувате поранешниот партнер: Едно значење е ПРЕДУПРЕДУВАЧКО – важна ПОРАКА е на пат до вас

Не постои личност на која не и се случило да сонува за поранешен партнер или …