Во Македонија владее тага и неверување, цела држава жали за Аки Рахимовски. Пејачот на „Парни Ваљак“ е роден на 5. јуни 1955. година во Ниш, но набрзо со семејството се преселил во Скопје. Бидејќи неговиот татко бил професор по музика, на седумгодишна возраст започнал музичко училиште, клавир и отсек за пеење. Неговата мајка се уште живее во главниот град на Македонија, а за големата загуба никој нема срце да каже.
– Пејачот планираше патување во Македонија бидејќи сакал да ја види мајка си, која е болна. Во шок сме и не веруваме дека тоа се случи, го очекувавме. Во петокот се слушнав со Аки, ме замоли да го земам на аеродром во Скопје, мајка му беше многу болна и сакаше да ја види барем уште еднаш. Требаше да слета во недела попладне – раскажал за хрватскиот портал 24sata, Здравко Ситновски Ситна, музичар и близок пријател на Аки.
Мајката на еден од најдобрите вокали на Балканот живее во старечки дом.
– Неговата мајка беше многу среќна. Во домот на сите им кажала дека доаѓа нејзиниот син и побарала од вработените да се погрижат за неа бидејќи доаѓа нејзиниот Аки. На мајка му се уште ништо не и кажале – изјавил Ситновски во неделата попладне.
Дека Аки требало да дојде викендов во Македонија вели и Гарабет Тавитјан (69), тапанарот на рок групата „Леб и сол“.
– Во шок сме и не веруваме дека тоа се случи бидејќи го очекувавме во Скопје. Ова е голема загуба за музичката сцена. Тој беше наш голем пријател, наш брат. Доаѓаше кај нас дома. Извонреден пејач и легенда на југословенскиот рок. Голема тага – неутешен е тапанарот Тавитјан.
Јурица Паѓен бил неразделна и од фронтменот на Парни валак. Тој го формирал бендот со Аки и Хусеин Хасанефендиќ Хус во 1975 година.
– Со Аки бевме многу блиски, секоја година поминувавме повеќе од 150 дена на пат. Бевме млади, сакавме да свириме. Немавме поим во каква приказна се развива, и се разви во голема. Тогаш не размислувавме и не бевме свесни, ни беше важно само да свириме. Аки е роден за сцената, одличен фронтмен, во Хрватска немаме друг таков. Заедно поминавме низ многу – изјавил Паџен.
Александар Аки Рахимовски ненадејно почина во саботата на 67-годишна возраст во Ново Место, Словенија. На пејачот на „Парни Ваљак“ му се слошило дома, по што бил примен во болница каде починал. Погребот ќе се одржи во Загреб.