Кога ќе наполните 50. години, најверојатно ќе почнете повеќе да се грижите за своето срце. Ова има смисла кога знаеме дека срцевата слабост е водечка причина за хоспитализација кај возрасни постари од 65. години. Според Американската фондација за срце, 50-тите и 60-тите се години кога луѓето добиваат тежина, особено во централниот дел од телото, што значи дека се појавуваат и ризик фактори за срцеви заболувања.
Советите на лекарот се едноставни – престанете да пушите и јадете помалку нездрава храна. Доколку се прашувате која храна е нездрава за срцето, одговорот дознајте го во продолжение.
Масно месо и пржена храна
„Ако сакате да го одржувате вашето срце здраво по 50-тата година од животот, време е сериозно да го разгледате внесот на заситени масти“, вели диететичарот Ребека Шилинг.
„Повеќето од моите клиенти се борат со оваа препорака. Тие пораснале на црвено месо и печено пилешко и се плашат од помислата дека ќе почнат да личат на нивните внуци вегани”, додала таа.