ЗИМА, ЗИМА…Еве што не очекува во наредните 5 дена!

Продолжува периодот на студено време со умерен до засилен северен ветер. До среда утринските температури ќе бидат многу ниски и на многу места ќе се спуштат до околу -10 степени, а дневните од средината на неделата ќе бидат во пораст. Поради ниските температури ќе има појава на голомразица, најавуваат од УХМР
Денес (понеделник) ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, многу студено и ветровито. Во планинските подрачја повремено ќе провејува снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минимална температура: -15°C до -4°C. Максимална температура: -2°C до -5°C.
За утре (вторник) се најавува сончево со мала до умерена облачност и многу студено. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минимална температура: -16°C до -6°C. Максимална температура: 1°C до 4°C.

This image has an empty alt attribute; its file name is zima-1-1024x673.jpg
Во среда се очекува сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец. Минимална температура: -13°C до -4°C. Максимална температура: -1°C до 7°C.
За четврток се најавува сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минимална температура: -10°C до -2°C. Максимална температура: 1°C до 8°C.
Петок ќе ни донесе променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Кон крајот на денот во југозападните планински подрачја ќе има услови за провејување на снег. Минимална температура: -9°C до -1°C. Максимална температура: 4°C до 10°C.

loading...

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Зошто некои луѓе нè НЕРВИРААТ БЕЗ БИЛО КАКОВ ПОВОД? Психолозите даваат објаснување!

Одговорот на ова прашање всушност лежи во нас самите Речиси секој знае некои луѓе кои …