(ВИДЕО+ФОТО) Интервју со алпинистката и сликарка Илина Арсова за љубовта со Игор Џамбазов: „Ми се налути оти не му ставив лајк“

За првата средба на нејзините родители со Игор вели: „Тие се многу кул, си го сакаат и нема потреба да се прави драма за раката на ќерката“.

„Јас ги сакам студот и планините, а во езеро влегувам среде зима. Игор е тип кој сè уште мисли дека ако излезеш со мокра коса на ладно ќе настинеш. Јас имам бицепси од вежбањето, тој нема. Годините се голема разлика, ама тој во душата е секогаш дете. Со часови може да свири на гитара, а јас да сликам. И додека шпартав секој ден од Стар Дојран до Мрдаја, оти тоа ми беше дневна рутина, се чудев од каде става Игор слики на Инстаграм од Сретеново. Уште помалку мислев дека нешто ќе се случи меѓу нас или дека некогаш ќе се налути оти не сум му вратила лајк кога пишал“. Ова е само дел од разговорот со алпинистката Илина Арсова, која зборуваше за љубовта со Игор Џамбазов во интервјуто на „Репортер“.


This image has an empty alt attribute; its file name is ilina-arsova-3.jpg
Нивната љубов почна некаде во март, во време на карантинот. Во разговорот Илина  откри за нивната врска и разликата во годините.

За првата средба на нејзините родители со Игор вели: „Тие се многу кул, си го сакаат и нема потреба да се прави драма за раката на ќерката“.
Љубовта од една страна, ама адреналинот од друга страна, оти Илина е првата Македонка која ги искачи седумте највисоки врвови на седумте континенти. Во 2006 го искачи Мон Блан, а во 2013 стана првата жена од Македонија што го искачи Монт Еверест.


This image has an empty alt attribute; its file name is ilina-arsova-2.png
„Кога си на 6 илјади метри надморска висина во очите ти се гледа. Она што моите сограѓани го имаат кога се кафеана, благо пијанство, јас го имам на врвот на планина во отсуство на кислород“, раскажува таа.
Свесна за предизвиците, сите оние убави и потресни моменти кога е горе и кога, како што вели, „мораш да поминеш преку смрзнато тело на некој кој си го запознал претходно“, не е секогаш лесно.
За искачувањето на вулканот Етна, кој пред очи им еруптирал, како една сликарка стана алпинист, како луѓето реагираа на врската со Игор и што ѝ смета кога е со него, носи ли штикли по дома или на трка и што готви за најпознатиот шоумен, гледајте во интервјуто.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Здрава и фит жена споделува четири симптоми на рак на тироидната жлезда кои ги игнорирала

На КРИСТИНА Мекнајт, која сега има 35. години, и бил дијагностициран рак на тироидната жлезда …