Меур од сапуница не пукнал повеќе од една година

Истражувачите од Универзитетот во Лил смислиле начин да го продолжат инаку краткиот век на меурот од сапуница и објавија дека нивниот балон не пукнал 465 дена. Според авторите на студијата, типичен меур од сапуница за капење или миење садови трае само неколку моменти пред да пукне поради „одводнување предизвикано од гравитацијата и/или испарување на течноста“.
Во своите експерименти, тимот проучувал три различни типа на меури: традиционални меурчиња од сапуница, меурчиња на база на вода и гас и меурчиња на база на глицерол.
Тие ги следеле меурчињата со помош на вага и камера. Очекувано, меурчињата од сапуница живееле околу една минута пред да пукнат, додека гасните на база на вода траеле малку подолго и пукале во период од шест до 60 минути. Со доволно висока концентрација на глицерол, меурите со вода и глицерол останале недопрени многу подолго, а најдолговечните преживеале 465 дена откако биле направени.

This image has an empty alt attribute; its file name is meur-od-sapunica.jpeg


Истражувачите истакнуваат дека долговечноста на овој меур од вода и глицерол произлегува токму од стабилизирачките ефекти на глицеролот, соединение кое инаку се користи како додаток во производството на храна и лекови.
„Глицеролот има силно хигроскопско дејство и познато е дека ја апсорбира водата од воздухот. Ние веруваме дека оваа апсорпција на вода ја компензира нестабилноста, додека присуството на честички на глицерол го спречува истекувањето на водата од меурот, што инаку предизвикува нивно пукање“, додаваат истражувачите.
И покрај фактот дека достигнувањата на француските физичари може да изгледаат сосема бесмислени и непотребни за лаиците, Леиф Ристроф, професор по математика на Универзитетот во Њујорк, истакнува дека овие резултати можат да имаат многу значајна практична примена.
Ристроф, кој е специјализиран за динамика на течности и ја проучува науката за меурчиња, рекол дека голем број истражувачи во медицината, како и други производствени активности, се обидуваат да научат што е можно повеќе за начините за борба против испарувањето.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Пуштил музика од „Титаник“, а потоа сфатил кој седел блиску до него во авионот

ПАТУВАЊЕТО со авион може да биде непријатно, а најдобар доказ за тоа е приказната за …