(ВИДЕО) ТРАГИЧНА СУДБИНА: По смртта на неговиот син (19), за Родни само тажни вести

АКТЕРОТ Николас Линдхурст (60), познат на телевизиската публика по улогата на Родни во легендарната серија „Only fools and horses“, одлучил да се повлече од телевизијата, открил неговиот пријател, писателот Лоренс Маркс.
Легендата на комедијата повеќе нема да се појавува под рефлекторите, бидејќи тагува поради трагичната смрт на неговиот син Арчи, кој на 19-годишна возраст во октомври 2020. година настрада од мозочно крварење, пишува британски „Дејли стар“.

This image has an empty alt attribute; its file name is nikolas-lindherst-1.jpg


Писателот Лоренс Маркс, кој го познава Николас повеќе од 25. години, предупредува дека е малку веројатно тој некогаш да се врати во шоу-бизнисот.
– Николас доживеа трагедија. Сигурно му го скрши срцето. Тоа би скршило сечие срце – изјавил Маркс за „Дејли Стар“.
– Секогаш држеше дистанца, а сега тоа ќе го направи повеќе од кога било. Го загуби синот. Се сомневам дека ќе го видиме уште како глуми.


– Би сакал да кажам дека повторно ќе го видиме како глуми, но мислам дека тоа нема да се случи. Ќе мора да живееме од визуелните спомени од него, а имаме многу такви. Мора да бидеме благодарни за тоа – додал Маркс.
Блескавата кариера на Николас на телевизија траеше речиси пет децении.
Милиони го знаат по тоа што го играше несреќниот Родни Тротер во серијата „Only fools and horses“ и Гери Сперу во серијата „Добра ноќ, мила“.

Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ШТО И ТРЕБАЛО ОВА? КАКО ПРИРОДНАТА УБАВИЦА СЕ ИЗОБЛИЧИЛА СО ПОСТАПКИ: Лекарите велат дека може да умре на операционата маса!

Кејти Прајс пред операциите беше природна убавица, додека поради нив денес и се распаѓа телото! …