Јапонците го водат орото…
Белгиската организација за заштита на потрошувачите Test Anakoop спроведе големо европско истражување за квалитетот на автомобилите во кое беа вклучени повеќе од 60.000 сопственици на возила во Белгија, Франција, Италија, Шпанија и Португалија.
Најголем процент на проблеми (17% од дефектите) се јавуваат на електрични склопови и функции, како што се акумулатори, светла, кревачи на прозорци и централна брава.
Нешто помалку автомобили (13% од случаите) мора да одат на сервис бидејќи сопирачките повеќе не работат оптимално. На трето место се дефектите на бензинските и дизел моторите.
Автомобилите со најмалку проблеми се Лексус, кој е луксузен бренд на Тојота. Само 5% од возачите на овие автомобили морале да застанат на сервис за време на гарантниот период поради дефект.
Лексус исто така бил на врвот на листата на најсигурни автомобили во претходните две изданија на ова истражување (2020 и 2018 година). Тојота и повеќето други јапонски марки се исто така на врвот.
Најдобро рангиран Европеец не е Mercedes или BMW, туку Seat, а на дното на табелата се три многу скапи марки: Jaguar, Land Rover и Tesla. Електричните автомобили од фабриките на Илон Маска имаат најнизок рејтинг од сите марки.
Моделите со мотори со внатрешно согорување кои имаат најмногу проблеми се речиси по правило – дизели.
Кај најсигурните возила главно се среќаваме со бензински и хибридни погонски системи.
Погледнете ја комплетната листа:
Марка на возило Доверливост во проценти
Лексус 95
Субару 93
Тојота 91
Мицубиши 89
Киа 89
Сузуки 89
Хјундаи 87
Хонда 87
Мазда 85
Сеат 85
Дачија 85
Шкода 84
Нисан 82
DS Automobiles 82
Фолксваген 82
Смарт 82
Пежо 82
Мерцедес Бенз 82
БМВ 82
Мини 82
Форд 80
Цитроен 80
Ауди 80
Волво 80
Рено 80
Сангјонг 80
Порше 76
Опел 76
Фиат 76
Jeep 72
Ланчија 68
Шевролет 68
Јагуар 68
Land Rover 64
Алфа Ромео 64
Тесла 60