Откако преживеа вистинска голгота во Австралија, Новак Ѓоковиќ моментално се одмара во Црна Гора.
Тој неодамна пристигнал во Тиват, а потоа посети добар дел од земјата, додека, меѓу другото, бил во манастирот Острог каде се дружел со насобраниот народ.
Ново интересно видео кое се појави на социјалните мрежи покажува како Ѓоковиќ и’ овие денови се подготвува за тениските предизвици.
Откако беше депортиран од Австралија, според планот не можеше да учествува на првиот Грен слем сезонава, а под знак прашалник е кога Новак ќе излезе на теренот, но се подготвува со полна брзина.
Српскиот тенисер е тајно снимен како трча со пријател и тренира среде град, „како цел нормален свет“, што воодушевило многумина.
Забележлива е желбата на Ѓоковиќ да се натпреварува, но има се повеќе турнири кои нема да дозволат да играат невакцинирани играчи, а засега во таа група е и Новак.
— SportBot (@SportBot11) January 21, 2022
Фото: Принтскрин/Instagram