(ВИДЕО) Природа, зеленило и мир: Романтична германска Венеција

Покрај овој дел од реката има една сосема неверојатна и нераскажана приказна за една скриена и бајковита шума која на најубав начин ги изненадува сите посетители.
Спривалд е село сместено во срцето на природата обликувано од една река, поради што е често се вели дека Спри е најверојатно и најубавата шума во Германија. Посебно е интересно што возењето со брод по реката целосно ќе ве изненади, бидејќи тивко пловите низ неверојатно убави пејсажи.
Овој природен рај е околу еден час возење јужно од Берлин и него го дефинира биосферен резерват населен со речиси 20.000 растителни видови. Делтата на реката Спри, која го краси овој бисер на природата, се протега и се шири на бројни мочуришта и меандри, а текот на реката е поделен на бројни помали канали.

This image has an empty alt attribute; its file name is germanska-venecija.jpg
Главните содржини овде се исклучиво природата, зеленилото и мирот, додека традиционалните дрвени куќички и дрвените мостови не ја нарушуваат хармонијата што владее овде. Овде нема автомобили, многу често часовниците се помалку важни.
Доаѓате овде на вистински одмор и сите строго се придржуваат до тоа.
За авантуристите има бројни кампови каде што може да се постават шатори, а за оние кои сакаат поголема удобност, има многу традиционални куќи со апартмани за одмор. Во летните месеци има бројни фестивали на кои локалното население се собира да се забавува, па во таа смисла има многу содржини за туристите.


Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) МОМЕНТИ КОИ ВРЕДИ ДА СЕ ЗАПОМНАТ – Прекрасните бебиња близнаци се „препознале“ по прв пат, нивните насмевки кажале се!

Иако понекогаш се караме со нашите браќа и сестри, таа љубов е огромна и значи …