ФУДБАЛСКАТА ЅВЕЗДА РОБИЊО ОСУДЕНА – СО ПЕТ МОМЧИЊА СИЛУВАЛ АЛБАНКА (23), СЕГА ГО ЧЕКА 9. ГОДИНИ ЗАТВОР: Познатиот фудбалер на потерница на Интерпол!

На славниот бразилски фудбалер му се заканува затворска казна за сексуално злоставување кое се случило пред 9. години. Сепак, се уште не се знае дали тој ќе служи во Италија или Бразил.
Легендарниот бразилски фудбалер Робињо (37) е осуден на девет години затвор за учество во силување на Албанка (23) со уште пет момци, а грозоморниот чин се случил во ноќен клуб во Милано во 2013. година додека играл за италијанскиот клуб Милан.
Робињо всушност беше осуден во 2017. година, но неговите адвокати поднесоа жалба на пресудата, но двата пати нивните барања беа одбиени.
Пресудата сега е правосилна и Робињо повеќе нема право на жалба, па сега му се заканува затворска казна.


На истата казна е осуден и неговиот пријател Рикардо Фалко, додека преостанатите четворица избегале од земјата пред пресудата.
Робињо се обидел да ја „собори“ пресудата велејќи дека девојката кобната ноќ испила премногу и дека се согласила на сексуален однос, но судијата не го прифатил таквото тврдење.
Робињо го чека и исплата на отштета на оштетената во износ од 60.000 евра.
Италијанскиот суд претходно користел телефонски пораки и преведени разговори на италијански јазик како главен доказ во првостепената постапка против познатиот фудбалер, во која Робињо и неговите пријатели, меѓу другото, изјавиле дека „Албанската жена била пијана“, иако фудбалерот подоцна се бранел дека „кога му пришла во клубот не била пијана“.

This image has an empty alt attribute; its file name is robinjo-1.jpg
На крајот Робињо имал однос со 23-годишна жена, во таа прилика ја изневерил сопругата и тврдел дека после тоа си заминал дома, а другарите останале.
Сега неговите адвокати повторно ја „извртеа приказната“, но судот не поверувал во тоа.
Меѓутоа, прашање е дали Робињо воопшто ќе види затворска ќелија, бидејќи е во својата татковина, а Бразил не ги екстрадира своите граѓани во други земји. Тој моментално се наоѓа во својата татковина, која не смее да ја напушти, бидејќи е ставен на потерница од Интерпол, што значи дека штом го напушти Бразил, ќе биде уапсен и депортиран во Италија на отслужување на казната.
Како единствена можност се наведува дека Италија бара Робињо да ја отслужи казната во Бразил.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Здрава и фит жена споделува четири симптоми на рак на тироидната жлезда кои ги игнорирала

На КРИСТИНА Мекнајт, која сега има 35. години, и бил дијагностициран рак на тироидната жлезда …