Три намирници кои најсилните луѓе во светот постојано ги јадат

Инфлуерката Алиса Аткинсон долги години е вклучена во индустријата за здравје и фитнес. Отсекогаш се занимавала со спорт, но најтешкиот дел и бил процесот на закрепнување. Таа на својот блог пишува дека за да биде здрава и фит, морала да се погрижи редовно да се истегнува, да спие доволно и да јаде правилно. Последново значело добивање доволно на вистинските хранливи материи. Таа истражувала каква храна консумираат најдобрите луѓе во светот и дошла до заклучок дека тоа се трите работи што ги наведуваме подолу.

Овошје и зеленчук


This image has an empty alt attribute; its file name is ovosje-1-1024x576.jpg
Исхраната на врвните спортисти со добра причина е богата со овошје и зеленчук. Овошјето и зеленчукот се полни со сите видови витамини и минерали. Колку поразновидно јадете, толку е поголема веројатноста да ги задоволите дневните потреби за сите клучни витамини.
На пример, зеленото смути на тенисерката Наоми Осака содржи кељ, спанаќ и раствор на електролит со вкус на кокос и киви.
Без разлика колку интензивно и често вежбате, консумирањето овошје и зеленчук треба да биде приоритет. Вашето здравје може да има огромна корист од вклучувањето на широк спектар на овошје и зеленчук во вашата исхрана.

Тајна на житарките


This image has an empty alt attribute; its file name is kinoa.jpg
Јаглехидратите се суштински макронутриенти за телото и важен извор на гориво за тренинзите за издржливост. Клучот не е целосно да ги елиминирате јаглехидратите, туку да се фокусирате на изворите на цели зрна. Еден таков извор, кој содржи многу хранливи материи од растително потекло, е киноата.
„Покрај тоа што има поголема содржина на протеини од која било друга житарка, таа содржи огромна доза на незаситени масти здрави за срцето. Киноата е исто така одличен извор на влакна и витамини од групата Б“, вели професорот за исхрана Кристофер Мор.

Уникатен коренест зеленчук

This image has an empty alt attribute; its file name is cveklo-za-zdravje-2.jpg
Сигурно сте слушнале дека цвеклото е тајно оружје за издржливост што го користат многу маратонци. Бројни студии потврдија дека сокот од цвекло може да ја подобри кардиореспираторната издржливост кај спортистите со зголемување на ефикасноста, што ги подобрува перформансите и го зголемува времето до исцрпеност.
Значи, цвеклото има многу придобивки, а содржи и многу хранливи материи, па дефинитивно е зеленчук кој би сакале да го имате на вашето мени.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Што значи кога го сонувате поранешниот партнер: Едно значење е ПРЕДУПРЕДУВАЧКО – важна ПОРАКА е на пат до вас

Не постои личност на која не и се случило да сонува за поранешен партнер или …