Селектирани песните кои ќе се натпреваруваат во Националниот избор за песна и претставник на Евровизија 2022

Од вкупно пристигнати 47 композиции на Конкурсот, кои ги исполнија бараните пропозиции, стручната комисија избра максимални 6 композиции кои ќе земат учество во натпреварот, односно Националниот избор за Песна на Евровизија 2022…

Согласно Правилата за одржување Национален избор за песна и претставник на Избор за Песна на Евровизија 2022, стручната комисија на МРТ во состав:


Мери Попова – Уредник на КУП МТВ 1
Зоран Мирчевски – Одговорен уредник на МР 2
Биљана Николовска – музички уредник МР 1
Александра Јовановска – новинар МР 2
Јана Бурческа – новинар МТВ 3
Маја Трпчановска – новинар МТВ 1
Ардита Имери – новинар МТВ 2

На 17 и 18 јануари 2022 ги преслуша пристигнатите композиции на Конкурсот кој МРТ го објави на 10.12.2021 година со траење до 16.01.2022 година. Од вкупно пристигнати 47 композиции на Конкурсот, кои ги исполнија бараните пропозиции, стручната комисија избра максимални 6 композиции кои ќе земат учество во натпреварот, односно Националниот избор за Песна на Евровизија 2022.


Избраните 6 композиции, современи и оригинални авторски дела, за кои комисијата смета дека секоја од нив ги исполнува очекуваните критериуми за учество и претставување на МРТ и земјата на најпрестижната европска музичка манифестација – Евросонг, се следните:

1. Изведувач: Калина Велковска – Кaly

Наслов на композиција: „LOVE AND LIGHT“

Автор на музика: Давор Јордановски

Автор на текст: Весна Малинова

Аранжман: Никола Васков – Нино, Давор Јордановски, Петар Луќиќ

2. Изведувач: Јон Ајдини – Yon Idy

Наслов на композиција: „DREAMS”

Автор на музика и текст: Yon Idy

Аранжман: Ангел Ќосев, Yon Idy

3. Изведувач: Лара Иванова

Наслов на композиција: „FLOWER OF SORROW”

Автор на музика: Роберт Билбилов

Автор на текст: Робин Зимбаков

Аранжман: Роберт Билбилов и Дарко Димитров

4. Изведувач: Виктор Апостоловски

Наслов на композиција: „SUPERMAN“

Автор на музика: Владимир Дојчиновски

Автор на текст: Владимир Дојчиновски и Виктор Апостоловски

Аранжман: Владимир Дојчиновски

5. Изведувач: Андреа Коевска – Аndrea

Наслов на композиција: „CIRCLES”

Автор на музика: Александар Масевски

Автор на текст: Александар Масевски и Андреа Коевска

Аранжман: Александар Масевски

6. Изведувач: Борис Цветановски – Ris Flower

Наслов на композиција: „FLYING TO BERLIN”

Автор на музика: Борис Цветановски – Ris Flower

Автор на текст: Борис Цветановски – Ris Flower

Аранжман: Мустафа Џанбазлар

Согласно Правилникот, за избраните 6 композиции, МРТ ќе изработи лирик видеа кои ќе бидат поставени на онлајн платформа за гласање на јавноста. Песните ќе и бидат презентирани на јавноста на 28.01.2022 (петок) во емисијата Стисни Плеј на МТВ, со почеток од 22 часот, кога ќе започне и онлајн гласањето. Платформата за гласање ќе биде отворена 7 дена, односно до 04.02.2022 година. Победникот ќе се добие по пат на онлајн гласање, како и според гласањето на меѓународното стручно жири во сооднос 50%:50%.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Меган Маркл како вистинска дама на Холивуд: Носела интересен летен стајлинг

Меган Маркл отсекогаш имала вкус… Меган Маркл и принцот Хари викендов беа домаќини на хуманитарен …