Министерката за култура, г-а Бисера Костадиновска Стојчевска во посета на Мала станица

Денешната посета на Националната галерија од страна на новоименуваната министерка за култура, г-а Бисера Костадиновска Стојчевска е прва официјална посета на институција од областа на културата што за нас претставува особено задоволство.

На работната средба меѓу директорката Дита Старова Ќерими и министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска се разговараше за повеќе актуелни теми врзани со работата на Националната галерија. Пред се стана збор за капиталната инвестиција за реконструкција на мултимедијалниот објект Мала станица која ќе ја реализира Министерството за култура. Краток осврт даде Старова Ќерими за тековната реконструкција на музејот, „Спомен куќата на Лазар Личеноски”. Министерката беше информирана за богатата Програма која ќе се реализира во 2022 година. Како прв исклучително значаен настан кој претстои ќе биде ретроспективната изложба на Димитар Кондовски, закажана за месец март 2022, потоа за интензивните подготовки за настапот на Националната галерија на 59. Венециско биенале на уметноста со проектот „Пејзажно искуство” („Landscape experience”) на авторите Роберт Јанкуловски и Моника Мотеска кое ќе се одржи од 23 април до 27 ноември 2022 година.


This image has an empty alt attribute; its file name is min-za-kultura-1.jpg

Кратката и конструктивна средба е само почеток за идна добра деловна соработка и поддршка на сите претстојни инвестициски и програмски активности.


Нациоинална галерија на Република Северна Македонија

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Во НУЦК „Трајко Прокопиев” Куманово ќе се одржи првиот „Меѓународен фестивал на прозата”

На 25 и 26 мај 2022 година во Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев” …