Акција на АД „Пошта на Македонија“ -„Во чест и сеќавање на Тоше“

Да покажеме дека и сите ние, го сакаме исто толку, колку што тој нè сакаше нас!
АД „Пошта на Македонија“ по повод роденденот на Тоше Проески, 25. јануари започнува акција – „Во чест и сеќавање на Тоше“ преку која може да купите поштенска марка, ФДЦ коверт, максимум карта и масовен коверт. Филателистичките производи ќе може да се нарачаат онлајн, преку електронската продавница на Пошта www.postashop.mk.
Поштенските марки се вечен паметник. Таква е и поштенската марка посветена на Тоше Проески која Пошта ја издаде во чест на нашата најголема музичка ѕвезда.

This image has an empty alt attribute; its file name is tose-proeski-marka.jpg

loading...

Марката (фотографија на Дарко Мораитов), за првпат во историјата на Македонија е испечатена во еден милион примероци, со номинална вредност од 12. денари. Оваа марка, која беше промовирана на 15.12.2007 година, патува низ светот како што патува и неговата музика и неговата песна.
Да се потсетиме на Тоше и да испратиме картичка со поштенска марка, со ликот на Тоше, на наш пријател или до Спомен куќата на Тоше Проески во Крушево и да напишеме колку ни значи Тоше.
Да покажеме дека и сите ние, го сакаме исто толку, колку што тој нè сакаше нас!
АД „Пошта на Македонија“

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) BARCELONA GIPSY BALKAN ORCHESTRA на 11. декември во Македонија – ИТАЛИЈАНКАТА која феноменално ја отпеа „Море сокол пие” на концерт во Скопје

11 декември е датумот резервиран за премиерната дружба со македонската публика и концертот на Barcelona …