Нов скандал на АО: Рубљов признал дека во Австралија пристигнал заразен со корона вирусот

Бурата поврзана со одлуката на австралиските власти да го депортираат Новак Ѓоковиќ од земјава се уште не стивнува, а на повидок може да се појави нов скандал.
Рускиот тенисер Андреј Рубљов открил дека влегол во Австралија иако бил заразен со коронавирус.
Рубљов се заразил на егзибицискиот турнир во Абу Даби, кој се играл непосредно пред Австралија опен, но му било дозволено да влезе во Австралија.

View this post on Instagram

A post shared by Andrey Rublev (@andreyrublev)



„Мене лично сега не ме тестираат затоа што штотуку го преболев коронавирусот. Кога летав за Австралија, сè уште бев позитивен, но нивото на Ковид СС, како што се нарекува, нема да лажам, беше многу ниско и не беше опасно. Ми дозволија да влезам во земјава. Покрај тоа, поминав повеќе од десет дена во карантин“, рекол Рубљев.
Рускиот тенисер додал дека при пристигнувањето морал да направи тест за антитела, но и дека не направил ПЦР тест.
Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Давидовски испиша историја, прв Македонец со победа во ТЦР Европа

Автомобилистот Виктор Давидовски успеа да испише историја и стана првиот Македонец со победа во престижниот …