Новак Ѓоковиќ два дена по доаѓањето од Австралија и депортацијата е виден во Белград, а на Богојавление водици отишол на литургија во црквата Ружица на Калемегдан.
Најдобриот светски тенисер се врати дома откако на двапати конечно и конечно му беше поништена визата за престој во Австралија.Ѓоковиќ не можеше да го нападне 10. трофеј на Австралија опен и рекордната 21. Грен слем титула.
Новак реши следниот период да го помине во Белград, а на Богојавление отишол на литургија во црквата Ружица на Калемегдан.
Многу граѓани сакале да се фотографираат а првиот рекет на светот им излегол во пресрет со насмевка.
Ѓоковиќ по 11. дена агонија беше депортиран од Австралија, во понеделник пристигна во Белград, а причината за укинувањето на визите Федералниот суд ќе ја соопшти во четврток.
Најдобриот светски тенисер се огласи набрзо по одлуката за депортација и рече дека нема да зборува на таа тема до крајот на турнирот. Во меѓувреме следеа нови проблеми, бидејќи имаше најави дека без вакцината нема да може да се игра на Ролан Гарос и Вимблдон.
„Ќе одвојам малку време да се одморам и да се опоравам, пред да дадам дополнителни коментари освен овој. Исклучително сум разочаран од пресудата. Непријатно ми е што фокусот на изминатите недели беше на мене и се надевам дека сега сите ќе можеме да се фокусираме на играта и турнирот што го сакам. Би сакал да им посакам на играчите, официјалните лица на турнирот, персоналот, волонтерите и навивачите се’ најдобро на турнирот. На крајот, би сакал да им се заблагодарам на моето семејство, пријателите, тимот, навивачите, поддржувачите и моите сограѓани Срби за нивната постојана поддршка. Сите вие бевте голем извор на сила за мене“, изјави Ѓоковиќ пред да замине од Австралија.
Фото: Принтскрин/Instagram