(ФОТО) Намерно се заразила и починала: Позната чешка пејачка не сакала да се вакцинира дури ниту кога нејзиниот сопруг и син добиле корона

ЧЕШКАТА фолк пејачка Хана Хорка, која била позната како противник на вакцините, починала откако намерно се заразила со корона вирусот за да добие пропусница за ковид за да може да оди во сауна и театар.
Наместо да се вакцинира, Хорка (57) намерно била изложена на корона вирусот кога нејзиниот сопруг и син, кои биле вакцинирани против Ковид 19, се заразиле пред католички Божик, јавило „Чешкото радио“.

This image has an empty alt attribute; its file name is hana-horka.jpg
– Таа го сакаше тоа. Требаше да се оддалечи од нас, но реши да остане нормално со нас дома и да помине низ инфекцијата, наместо да се вакцинира. Тажно е што мајка ми повеќе им веруваше на странците отколку на сопственото семејство – изјавил Јан Рек, синот на чешката пејачка.


This image has an empty alt attribute; its file name is hana-horka-2.jpg
Рек изјавил дека тој и неговиот татко биле болни три дена, додека неговата мајка била болна пет дена пред нејзината смрт, пренесе чешката новинска агенција Ирозлас.
Хорка, која беше пејачка на фолк групата „Асонанс“, два дена пред смртта на социјалните мрежи објавила дека се заразила со вирусот.

This image has an empty alt attribute; its file name is hana-korka-pak.png


– Сега ќе можам да одам во театар, сауна, концерт и на итно патување до морето – напишала Хорка.
Рек истакнал дека неговата мајка починала во кревет од задушување поради Ковида 19.
Според него, Хорка добила информации кои, всушност, не се целосни дезинформации, туку се „намерно сменети за да и се допадне на едната страна“.
Во земјите на Европската унија, потребен е доказ за вакцинација или резултати од неодамнешна инфекција за да се добие пропусница што им овозможува на луѓето да бидат присутни на јавни места и да патуваат.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Меган Маркл како вистинска дама на Холивуд: Носела интересен летен стајлинг

Меган Маркл отсекогаш имала вкус… Меган Маркл и принцот Хари викендов беа домаќини на хуманитарен …