(ФОТО) ДОДЕКА СВЕТОТ ГО НАПАЃА ТОЈ РАБОТИ ВО ТАЈНОСТ: Новак и Јелена Ѓоковиќ основале компанија која бара лек за корона

Српскиот тениски шампион Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена на почетокот на пандемијата основале компанија која развива решенија во областа на лекувањето на коронавирусот.
Имено, според регионалните медиуми, повикувајќи се на јавно достапни документи, во јуни 2020. година во Данска е основана компанија наречена „QuantBioRes A/S“.

Мнозинска сопственост во оваа компанија е на брачната двојка Ѓоковиќ и тоа Новак со 40,8 отсто и Јелена со 39,2 отсто од акциите.
Компанијата, регистрирана во Данска, на својата веб-страница наведува дека се занимава со „развивање третмани и лекови за ретровируси и отпорни бактерии“.


This image has an empty alt attribute; its file name is kompanija-na-novak-i-jelena.jpg

„Со нашата иновативна и остроумна RRM технологија, се стремиме да му помогнеме на човештвото да развие третман и лек за ретровирусите и отпорните бактерии. Нашиот високо квалификуван тим од биохемичари, физичари, инженери и програмери неуморно работеше за да го донесе QuantBioRes A/S во првите редови на индустрија. За да обезбедиме одлични решенија, посветуваме време и ресурси за прецизно предвидување на хемиските и физичките својства на молекулите, кои можат да бидат корисни во многу области на науката, особено во медицината“.
Се појаснува и како го прават истражувањето
„Во QuantBioRes A/S, работиме на користење на единствен и нов модел со резонантно препознавање (RRM).


„RRM е биофизички модел заснован на откритието дека одредени периодичности/фреквенции во рамките на дистрибуцијата на енергиите на слободните електрони долж протеините се клучни за биолошката функција на протеините и интеракциите со протеинските рецептори и други цели“.

This image has an empty alt attribute; its file name is novak-po-celodnevna-drama.jpg


Технологијата RRM овозможува овие карактеристични фреквенции, кои се од електромагнетна природа, да се идентификуваат за секоја биолошка функција/интеракција. Откако ќе се идентификува карактеристичната фреквенција за биолошка функција, можно е да се анализира биолошката функција/интеракција на протеини, да се предвидат биоактивни мутации и дизајн „de novo“ биоактивни пептиди со саканата биолошка функција, како и за предвидување на електромагнетната фреквенција што може да попречи на одредена протеинска активност“.
А за кои ретровируси станува збор може да се погоди во делот „вести за јавноста“ каде се објавени три вести и трите се однесуваат на областа на лекување на Ковид 19.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Жените родени во овие знаци се најпосакуваните партнери и сопруги

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации …