Британскиот премиер Борис Џонсон во декември стана татко по седми пат. Неговата сопруга Кери роди девојче кое, како што стојат работите, уште од мали нозе ќе биде добро упатено во високата дипломатија, а можеби еден ден ќе го наследи и на Даунинг стрит.
Имено, нејзиниот татко преку видео повик разговарал со Лаура Маунт, лидерката на тимот кој се грижи за вакцинирање на населението. А за време на празниците сакале да дознаат каква е состојбата на терен, бидејќи Обединетото Кралство од ден на ден брои се’ повеќе заразени.
Во еден момент во разговорот се вклучила и Кери, асистентката на Џонсон, а ним им се придружило и бебето Рома кое очигледно немало кого да го чува.
Идиличниот портрет на среќното семејство го комплетирал миленикот Дилан, иако, како што можеме да видиме, не го интересира премногу ситуацијата во земјата. Го нема само неговиот син Вилфред, кој во април наполни две години.

(ФОТО) Борис Џонсон на 57. години станал татко по седми пат: Британскиот премиер гордо ја покажал својата ќерка Рома
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.
✕