Организаторите на АО ги плаќаат судските трошоци на Ѓоковиќ

Тенис Австралија ќе ги сноси судските трошоци за случајот на Новак Ѓоковиќ, јавуваат странските медиуми.
Засега не се знае колкава е сумата, но трошоците по првото рочиште беа околу 500.000 долари и нема сомнеж дека организаторите на првиот Грен слем во сезоната сепак би требало да платат толку.
„Најважното нешто што луѓето не го знаат е дека Тенис Австралија ги плаќа судските трошоци на Ѓоковиќ, а не тој самиот“, изјавил извор на Daily Mail.
Тој посочува дека тоа се всушност пари на даночните обврзници.

This image has an empty alt attribute; its file name is novak-vo-melburn-1.jpg
„Тие добиваат пари од владата за Австралија опен, така што практично оние што плаќаат даноци ќе ги платат и овие трошоци, иако Ѓоковиќ го загуби спорот“, додал тој.
Да потсетиме, по 11. дена превирања, со конечната одлука на судот беше потврдено укинување на визата за српскиот тенисер, кој на тој начин беше спречен да ја одбрани титулата во Мелбурн.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Давидовски испиша историја, прв Македонец со победа во ТЦР Европа

Автомобилистот Виктор Давидовски успеа да испише историја и стана првиот Македонец со победа во престижниот …