Месец на урнебесни комедии на Filmbox

Добрата забава и многу смеа ви се загарантирани во јануари на Filmbox каналите. Еве избор од најинтересните комедии кои ќе ве насмеат до солзи.

Nobody’s Fool


Ова е приказна за една жена, која излегува од затвор и повторно се среќава со својата сестра. Открива дека таа е во онлајн врска со маж кој можеби се претставува со лажен профил.
Тифани Хадиш во Nobody’s Fool глуми со нејзиниот идол Вупи Голдберг. Кога Тифани го гледала филмот Jumpin’ Jack Flash (1986) како млада девојка, таа фантазирала дека Вупи и е мајка и, случајно, токму тоа е врската што ја делат во овој филм.
Овој филм има ист наслов како Nobody’s Fool (1994) во кој глуми Пол Њуман. И двата филма беа објавени од Paramount Pictures. Патем, ова не е прв пат студиото да рециклира филмски наслов, насловот се смени од The List во Nobody’s Fool.

Тифани Хадиш во овој филм по петти пат го носи нејзиниот бел халтер фустан на Александар Меквин. Таа го носеше овој фустан на премиерата на Girls Trip (2017), за време на нејзиниот монолог во Saturday Night Live: Tiffany Haddish/Taylor Swift (2017) (Saturday Night Live (1975)) и беше домаќин на MTV Movie & TV Awards 2018. Носењето во повеќе прилики е интерна шега на Хадиш и таа обожава да ги крши модните правила носејќи ист фустан повеќе пати.
Не пропуштајте го Nobody’s Fool на 21.01 во 21:00 на FilmBox Premium


Kabluey

Во оваа комедија ликовите на Камерон и Линколн се базирани на вистинските внуци на режисерот Скот Прендергаст, Вилсон и Логан. Вистинските момчиња се појавуваат покрај децата актери кои ги портретираат, во сцената на големата роденденска забава.
Лесли (Лиза Кудроу) е преоптоварена. Нејзиниот сопруг е испратен во Ирак. Нејзините две деца полудуваат. Тие би можеле да го изгубат своето здравствено осигурување ако таа не може да работи. Нејзината свекрва го испраќа нејзиниот чуден син Салман да ги чува децата за Лесли да се врати на својата работа. Салман е целосно банкротиран и таа го вработува како маскота за да продава празен канцелариски простор.

This image has an empty alt attribute; its file name is film-box-1.jpg

Скот Прендергаст не е доволно голем или доволно харизматичен за да биде главен лик во филмот. Има чуден изглед како за необичен помошник. Но,откако ќе влезе во костимот, тој станува луд надреалистички хумористичен лик. Тоа е врвот на овој филм. и е најдобриот дел од филмот. Режисерот во една објава ќе каже „би го направил целиот филм за него како ја одработи таа улога„. Секако, би можело да се додаде глупава работа за чување деца со тоа што ги врзува децата надвор од супермаркетот.А може и да проба некои други глупави работи пред да ја добие Каблју.Но има големи пресмешни моменти баш во оваа работа иако е бесмислена.
Лиза Кудроу одигра одлично, а децата се најдобрата состојка во приказната за самодефинирање во основни термини.
Гледајте го Kabluey на 25.01 во 21:00 на Filmbox Stars

Disco

Дидие Траволта (Франк Дубоск) е 40-годишен љубител на диско музика, кој нема работа, живее со својата мајка и има син што го нема видено извесно време во Британија. Мајката на неговиот син одбива да му го прати нивниот син на одмор, освен ако тој не може да му понуди вистински одмор, а не само да оди во баровите на францускиот пристанишен град Авр.

This image has an empty alt attribute; its file name is film-box-2.jpg
Бидејќи невработениот Дидие нема пари, единствениот начин на кој може да го види својот син е да победи на натпревар за танц организиран од неговиот пријател Џексон (Жерар Депардје), а наградата е одмор во Австралија за двајца. Дидие ги убедува своите двајца поранешни танцувачки другари (Самуел Ле Бихан и Абес Захмани) да ја вратат некогаш познатата група „Кралевите на пчелите” на подиумот. Одамна не танцувале и им треба тренер за танц (Емануел Беарт) за да ги подготви за натпреварот. Наскоро дознаваат дека и да биле некогаш најдобри, времињата се смениле. Работа, сопруги, љубов, смешен изглед, старомодна облека, талентирани натпреварувачи… Дали можат да ја вратат својата мината диско слава?

Не пропуштајте да го завршите овој месец смеејќи се со урнебесната комедија Disco на 31.01 во 19:30 на FilmBox Extra

За повеќе новости за FilmBox следете ја Facebook страницата Filmbox Macedonia. FilmBox каналите ви ги овозможува SPI International, а се достапни на A1 операторот како и на Neotel, Inel Internacional, Viva Net, TRD Kabel, Kanal 16 Ресен, Altra Sat 2000 Охрид, Infel KTV Охрид, Kable Kall Кичево, KDS Kablenet Прилеп и Vinsat Kabel.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ШТО И ТРЕБАЛО ОВА? КАКО ПРИРОДНАТА УБАВИЦА СЕ ИЗОБЛИЧИЛА СО ПОСТАПКИ: Лекарите велат дека може да умре на операционата маса!

Кејти Прајс пред операциите беше природна убавица, додека поради нив денес и се распаѓа телото! …