МОЖЕМЕ да консумираме леб, јајца, банани и млеко секој ден, но треба да ја земеме предвид големината на порциите на овие основни намирници. Затоа што дури и кога се обидуваме да внесеме повеќе витамини и минерали, можеме да се предозираме и да му наштетиме на сопственото здравје. Bright Side открива колку од некои вообичаени намирници можете да јадете за да останете во нормални и здрави граници.
Две банани на ден
Бананите обезбедуваат хранливи материи и влакна. Не треба да јадете повеќе од два од нив на ден. Тие ја намалуваат надуеноста, помагаат во контрола на апетитот и се одлична замена за шеќер.
Седум јајца неделно
Ризик е да се претера со јајца. Експертите препорачуваат да не јадете повеќе од седум јајца неделно, а уште помалку ако имате висок холестерол.
Лажичка сол дневно
Возрасните не треба да јадат повеќе од шест грама сол дневно, што е приближно една кафена лажичка. Ова ја вклучува солта која се наоѓа во храната како сирење, салама и чипс. Децата на возраст од 1. до 3. години не треба да јадат повеќе од два грама сол дневно, од 4. до 6. години повеќе од 3. грама сол дневно, а од 7. до 10. години повеќе од пет грама сол дневно.