(ВИДЕО) Драма во Мелбурн: Девојка колабирала, играчите ги фрлиле рекети и и’ помагале

Натпреварот меѓу Федерико Делбонис и Педро Мартинез го одбележала вознемирувачка сцена на крајот од првиот сет.
Мартинез дојде до сет топка во тај-брејкот на 6:6 и 9:8, но кога тенисерите видоа дека собирачка на топки паднала, веднаш ги фрлиле рекетите и притрчале да помогнат.
Никој во тој момент не сакал да игра тенис, сите биле загрижени и тенисерите им помогнале на персоналот и на девојките да го напушти теренот.
Неа и била укажана помош, нејзините родители дошле по неа, а многумина во Австралија им „симнале капа“ на Аргентинецот и на Шпанецот.
Мартинез го доби овој меч со 3-1 во сетови, а по оваа драма траеше тај-брејкот.
Беше 7:6 (15), 3:6, 6:4, 6:2.
Во следното коло Мартинес ќе игра против Кристијан Гарин.


Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Зверев признал дека боледува од дијабетес

Александар Зверев јавно признал дека со години боледува од дијабетес и најави формирање на фондација …