НОВАК ЃОКОВИЌ денеска по 5 часот по локално време слета во Дубаи, каде го пречекале неколку стотици верни фанови. Дошле да му изразат поддршка откако беше депортиран од Австралија и со тоа ја загуби шансата да го освои 10. Австралија опен во кариерата и вкупно 21. Грен слем.
Српскиот тенисер со убав гест им одговори на своите фанови. Откако излегол од терминалот се фотографирал со секој навивач кој му пришол и дури потоа продолжил по својот пат. Видео од средбата со навивачите беше објавено на Твитер од дописникот на CNBC за Блискиот Исток Ден Марфи.
JUST IN: Deported tennis star #NovakDjokovic met by supporters as he arrives at #Dubai airport in the #UAE. #AusOpen pic.twitter.com/nlEHzuNlfH
— Dan Murphy (@dan_murphy) January 17, 2022
Српските медиуми објавија дека Ѓоковиќ веќе се качил во авион за Белград, а попладнево треба да пристигне во Србија каде се подготвува голем пречек. По Србија, тој треба да одлета за Шпанија, каде ќе одмара во следниот период.
Фото: Принтскрин/Twitter