РАФАЕЛ НАДАЛ: Новак не е над Австралија опен, турнирот ќе биде одличен и без него!

Додека Новак Ѓоковиќ ја чека одлуката на Сојузниот суд дали ќе му биде дозволено да игра на турнирот во Австралија, на првиот Грен слем сезонава се појавуваат се повеќе личности од тенисот.
Ретко кој има нешто корисно и убаво да каже, а еден од оние кои привлекуваат големо внимание со своите изјави е Рафаел Надал.
Надал бил прашан дали турнирот ќе изгледаше поинаку без Ѓоковиќ на ждрепката за Австралија Опен?
– Ќе ви кажам едно, јасно е дека Новак Ѓоковиќ е еден од најдобрите играчи во историјата, во тоа нема сомнеж. Сепак, нема играч кој е поважен од настанот, нели? Играчите доаѓаат и си одат, никој, ниту Роџер, Новак, јас, Бјорн Борг, никој не е над турнирот, тенисот се менува, се развива, рече Надал и додал:
– Австралија опен е повеќе од кој било играч. Ако игра, во ред, ако не игра, Австралија опен ќе биде одличнен и без него, изјави шпанскиот тенисер.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Две години без Коби Брајант

На денешен ден пред две години како гром од ведро небо одекна веста – Коби …