ЕМОТИВНО – На судењето ѝ била вратена вербата во ЛУЃЕТО: Нејзиниот син бил убиен и таа изгубила се, а потоа се случило нешто НЕОЧЕКУВАНО

Познато е дека во некои моменти можеме да изгубиме се и дека едноставно не гледаме излез од тешката ситуација
Една таква приказна штотуку и се случила на оваа жена која завршила на суд поради неплатени казни за паркирање.
За трагедијата да биде уште полоша, таа останала без ништо кога нејзиниот син бил убиен. Во текот на судењето, судијата Френк Каприо упорно сакал да знае зошто таа со години не ги плаќала казните, за да може да донесе пресуда. Почнал да ги наведува датумите на казните што ги направила и морала да ги плати, а како што читал, жената се повеќе плачела и потоа на судијата му кажала дека нејзиниот син во тоа време бил убиен.

Таа изгубила се
– Ми ги укинаа социјалните надоместоци затоа што син ми должеше пари. Јас му бев законски застапник, па ми ги земаа парите затоа што имаше долгови. Отидов да го регулирам тоа и потоа ми напишаа казна за паркирање. Вториот пат кога не работеше паркинг-метарот, имам фотографија. Трет пат бев на суд бидејќи сопственикот сакаше да ме избрка од станот. Потоа добив уште една казна кога отидов да побарам правна помош за да го решам сето ова – низ солзи проговорила жената и објаснила зошто и го убиле детето.


„Имам тешка година зад мене, судијо, живеам од инвалидски надоместоци, немам 400. долари за да платам. Морав да најдам пари за нов стан. Сè уште ги отплаќам долговите од погребот на мојот син. Не знам каде да ги најдам парите за овие казни“.
Судијата останал без зборови. Тој молчел и размислувал. Замислениот судија само молчел и изразил сочувство, а потоа додаде: – Ќе ги земам предвид сите околности што ги спомнавте и ќе се обидам да изнајдам праведен исход кој ќе ве заштити и вас и интересот на градот. Мислам дека никој не би сакал да го доживее сето она низ кое сте поминале. Ќе ви ја намалам казната на 50 долари, колку време ќе ви треба да платите? – прашал судијата.
– Имам толку со мене – одговорила расплаканата жена, а потоа следело клучното прашање на судијата дали ќе и останат пари.
„Ќе ми останат 5 долари“, искрено му рекла таа.
– Не сакам да те оставам со 5 долари во џеб. Сè што треба да платите… ќе заборавиме на се. Ви посакувам се најдобро и да бидете подобро. Среќно – и рекол судијата на целосно изненадената жена и со тоа покажал дека најважно во животот е да имаш верба и добро срце.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ПАРТНЕРОТ ФЛЕРТУВА СО ВАШИТЕ ПРИЈАТЕЛКИ: Еве како да откриете дали се работи за МИКРО-ИЗМАМА

Иако сте во врска неколку месеци, сепак вашиот партнер се допишува со поранешната девојка на …