ГОЛЕМ ТРИУМФ НА АДВОКАТИТЕ НА НОВАК: Министерот Хок сега ништо не му може!

Судењето на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е закажано за в сабота во 23.30 часот (по средноевропско време), а веќе може да се каже дека неговиот адвокатски тим остварил „мала победа“.
Тие на подготвителното рочиште за случајот „Новак Ѓоковиќ против министерот за имиграција“ побарале процесот пред Федералниот суд да го води совет од судии, а не поединец, бидејќи во тој случај министерот Алекс Хок нема да може повторно да поднесе жалба на одлуката. Неколку часа по последното сослушување тоа било одобрено!
Новак Ѓоковиќ вечерва ќе биде пред судиите Џејмс Алсоп, Ентони Бесанко и Дејвид О’Калахан, кој исто така беше на подготвителното рочиште на кое што било побарано.

Фото: Instagram/djokernole/


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Две години без Коби Брајант

На денешен ден пред две години како гром од ведро небо одекна веста – Коби …