Географијата на чајот

Авторот на овој текст професор Дарко Оносимоски е еден од многуте конзументи кои го започнуваат денот со шолја топол чај. Чајот е популарен напиток во кои уживаме особено во студените зимски денови. Чајот заедно со какаото и кафето се социјални напитоци. Ќе се сложите со мене дека пиењето чај е совршен миг за одмор и уживање во друштво со најбилските. Придобивките од пиењето чај во здравствени цели се огромни, но тоа е посебна тема за здравственото значењето на чајот. Во овoj краток осврт авторот ќе се задржи за географската распространетоста, значењето, производството и настанувањето на овој пијалок.

This image has an empty alt attribute; its file name is caj-protiv-rcenje.jpg
Состав и значење во различни култури
Општо познато е дека чајот содржи многу помалку кофеин од кафето, но,не е сеедно, во кои количини го конзумираме. Колку е пократка ферментацијата толку чајот е поздрав. Според медицински истражувања најздрави се белите и зелените чаеви.Веднаш после водата, чајот е вториот најкористен појалок во светски рамки.Културата на пиењето на чајот и традицијатасе разликува од една во друга држава.Во многу држави чајот има различно симболично значење.Заедничко за сите држави е тоа дека нудењето на чајот е пријателски гест, која означува почит, внимание или гостопримство.
Легенди за настанувањето
Археолошките докази упатуваат на тоа дека чајот е култувиран пред 6.000 години, тоа би дошло пред 1500 години пред изградбата на големите пирамиди во Гиза. Чајот уште пред 1500 година преминал од храна во пијалок луѓето откриле дека во комбинација со топлина и влага може да се создаде различен вкус од листовите на чајот.
Постојат повеќе легенди како настанал чајот, авторот се одлучи да издвои две легенди кои се најчесто спомнувани волитературата.
Според една кинеска легенда, владетелот Шеннунг пред околу 2.737 година пр.н.е пиејќи врела вода, ветерот оддувал неколку листови од блиското дрво кои паднале во неговата чаша, па течноста почнала да менува боја и имала пријатна арома. Љубопитниот владател пробал од новонастанатиот пијалок и пријатно се изненадил од пријатниот вкус на појалокот.
Индиската легенда за откривањето на чајот наведува кралот Будхидар, кои скитал и медитирајчи ја барал вистината. Се зарекол дека седум години нема да спие. Во петата година го совладало сон. Случајно откинал листови од грмушка и почнал да ги џвака, така целосно го одржувало буден. Оттогаш постојано ги џвакал тие листови и без проблем останувал буден до крајот на седмата година.


This image has an empty alt attribute; its file name is caj.jpg
Светско производство на чај
Светското производство на чaј изнесува околу 2.9 милиони тони. Најголем производител на чај е Кина со 2.400.000 тони. На второ место е Индија со околу 900.000 тони. Третиот светски производител на чај е Кенија со 305.000 тони, четвртото место му припаѓа на Шри Ланка со 300.000 тони. Други големи светски производители се Виетнам, Турција, Индонезија, Мјанмар, Иран, Бангладеш, Аргентина и други.
Најголеми увозници на чај се Русија, Сад, Обединетото кралство ,Иран, Пакистан, Арабските Емирати,Египет, Германија и Саудиска Арабија.Најголеми потршувачи на чај по глава на жител се издвојуваат Турција, Ирска и Велика Британија.

This image has an empty alt attribute; its file name is caj-2.jpg
Ширењето на чајот
Чајот има важна улога во азиските култури со векови како главен пијалок, лек и статусен симбол. Европските народи за прв пат се среќаваат со овој пијалок во 1285 година благодарение на познатиот морепловец и трговец Марко Поло. Чајот прво се пиелво западна европа поточно Холандија ( 1606 година) а подоцна Португалија, Велика Британија и Франција. Подоцна Британците го одгледувале чајот во нивните колонии.


Каде расте растението чајнaта билка?

This image has an empty alt attribute; its file name is aj-3.jpg
Зимзелената чајна билка( лат Cameliasinesis) е главно екваторско растение, кое успева на географска широчина помеѓе 15° и 30° сгш. Во близина на екваторот има мала разлика помеѓу летото, есента, и пролетта, што прави подобро услови за одгледување на земјоделски култури во текот на целата година. Културата чај расте на температури на воздухот помеѓу 21° C и 35°C и е во мирување кога ноќните температури паѓаат под 10°-12° . Добро распоредените врнежи во текот на сезоната на растење се исто така важни тие треба да бидат над 1200 mm годишно со 972 мм врнежи
Големо влијание врз вкусот на чајот има надморската височина. Поголемите надморски височини имаат пониски нивоа на атмосферски кислород, што му овозможува на растението да расте подолго и го подобрува вкусот. На пример, успешни култури на чај се одгледуваат и во Асам, Индија на само 90 метри надморска височина. Висококвалитетните видови, сепак, бараат поголема надморска височина – на пример, чајното дрво во индискиот Дарџилинг се одгледува на надморска височина од околу 1.500 – 2.100 метри надморска височина.
Приготвување и конзумирање на чајот
Во различна традиција чајот се пие на необичен начин за нашата традиционално поимање за пиењето на чајот.Во Индија чајот се пие и со млеко при тоа се додаваат и различни зачини како џумбир, цимет или каранфилче, Во Тибет додаваат млеко сол и масло, Во Монголија се вари со ориз, месо, кнедли и стопена овча мастдодека пак во Русија се додава мед овошно слатко шеќер и др.Во Шри ланка преферираат ароматизиран чај. Обично изборот е меѓу вкусовите на чоколадо, манго, вишна, малина или јагода.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

10. најчести женски и машки фантазии: Сакаат да водат љубов на отворено, сакаат да снимаат „акција“

За сите кои бараат инспирација за подобар секс со партнерот или само се интересираат за …