(ВИДЕО) Јова успешно ја продолжува интернационалната кариера со промоција на синглот „Haunted“

Популарната Јова Радевска пред три дена го промовираше видеото за синглот „Haunted“ од албумот „Nine Lives“…
Песната е напишана од Јова Радевска и Марк Вернон, а видеото е изработено од Марк Ариго
Јова Радевска не е тотален анонимус кај нас, целосно непознато лице, зашто јавноста ќе ја запознае уште како девојченце кога почнала да учествува на детските фестивали како што се „Калинка“ во Гевгелија или подоцна „Тинс фест“ во Прилеп. По завршувањето на средното училиште се сели во Лондон, за кој како што самата вели, отсекогаш ја фасцинирал. Таму се запишува во едно реномирано музичко училиште, каде по стекнувањето на нови пријатели се раѓа музиката за нејзиниот деби албум „„Дневникот на песочниот часовник“ во 2007 година.


Македонската музичка јавност одново ја открива една година подоцна, сега како возрасна девојка кога во 2008. година Јова има два настапи во Македонија – на „Скопскиот фестивал“ каде настапи со песната „Јас сум овде“ и на „Охридски трубадури – Охрид фест“ со песната „Се радувам и тагувам“.
Но, Британја и Лондон се „местото за остварување на музичките соништа“, лулката на рок ен ролот, па Јова се враќа назад за да продолжи до остварувањето на своите, правејќи го следниот чекор во штотуку започнатата музичка кариера – настапите по реномираните британски клубови како „Трубадур“ или „Бедфорд“ во кои настапувале некои од најголемите ѕвезди на денешницата (Ед Ширан, Адел…), но и музичките легенди како Боб Дилан, Пол Сајмон, Џими Хендрикс… Меѓу сите нив и нашата Јова!

This image has an empty alt attribute; its file name is jova-radevska.jpg
Средбата со искусниот музички волк, Марк Вернон и создавањето со него на дуото „Yova“ ќе и го трасира патот и ширум ќе и ги отвори вратите кон музичките пространства во кои Јова покрај Вернон ќе почне да се дружи и соработува со врвни светски музички и продуцентски имиња како: BJ Cole (соработник на Sting, Bjork, REM, The Verve), David Родос (соработник на легендарниот Питер Габриел од групата Genesis), Ана Фиби (соработник на Roxy Music), Алекс Томас (соработник на Johnон Кејл од легендарната група Velvet Underground)…


Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ТЕШКИ ДЕНОВИ ЗА АЛЕК БОЛДВИН: Адвокатите бараат да се отфрлат обвинувањата за нанесување штета

АДВОКАТИТЕ на холивудскиот актер Алек Болдвин и другите продуценти на „Rust“ бараат од судот да …