(ВИДЕО+ФОТО) ДОБРИ ВЕСТИ ОД ШТАБОТ НА РАКОМЕТАРИТЕ: Македонските ракометари во добро расположение денес против Црна Гора!

Македонските ракометари во добро расположение го дочекуваат денешниот натпревар со Црна Гора кој ќе можете да го следите на Арена Премиум 3 од 18. часот…
Но, она што е битно е дека во тимот се врати Никола Митрески кој беше френетично дочекан од своите колеги.
Голманот Никола Митревски синоќа пристигна во Дебрецин каде со овации беше пречекан во репрезентативната база во унгарскиот град.


Како што е познато, Митревски не отпатува со националниот тим поради позитивен тест на Ковид-19 во Скопје. Но, откако потоа следните негови тестови во македонскиот главен град беа негативни тој отпатува за Дебрецин по што веднаш беше тестиран. Првиот негов тест во Унгарија е негативен и се очекува денес да биде ставен на располагање на селекторот Кире Лазаров.


Македонските момчиња според видеата од фејсбук страната на РФМ се одлично расположени па можеме да очекуваме уште еден одличен натпревар.

Видео и Фото: Facebook

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Две години без Коби Брајант

На денешен ден пред две години како гром од ведро небо одекна веста – Коби …