Што ни носи ОДЕЊЕТО ПОСЛЕ ЈАДЕЊЕ? Доволно е 15. минути пешачење

Експертите постојано не предупредуваат дека не треба да си легнуваме после јадење, туку дека најдобро е да одиме на прошетка. Оваа навика е особено корисна ако ја практикуваме навечер, после вечерата.
Веќе подолго време слушаме дека лесната прошетка после оброк е една од најдобрите работи што можеме да ги направиме за нашето здравје, но понекогаш се чини невозможно затоа што брзаме на работа наутро и често немаме време за пешачење, а немаме време ниту на паузата за ручек. Културата на одење после оброк е особено популарна кај Италијанците кои многу добро знаат колку е тоа здраво за нивниот организам.

Една студија покажала дека пешачењето после оброк е исто така корисно за спречување на дијабетес тип два. Во истражувањето учествувале постари луѓе кои оделе на лента за трчање 15. минути по оброкот, што влијаело на малите флуктуации на шеќерот во крвта во следните часови.


This image has an empty alt attribute; its file name is odenje-i-slabeenje.jpg

Исто така, истражувањето покажало дека тие кратки прошетки по вечерата се уште покорисни за намалување на нивото на шеќер во крвта отколку 45-минутната прошетка наутро или подоцна попладне. Ова сознание е особено корисно за оние кои немаат време да одвојат време за прошетка во текот на денот, бидејќи е многу полесно да го најдат навечер.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЈА ПРЕКИНАЛ прошталната турнеја: Елтон Џон има корона, откажал два концерта во САД

И’ покрај фактот дека бил вакциниран и со третата доза, Елтон Џон се заразил со …