(ФОТО) Шинејд О’Конор во болница поради смртта на синот: „Нема смисла да се живее без него“

Пејачката Шинејд О’Конор била пренесена во болница само неколку дена по смртта на нејзиниот 17-годишен син Шејн.
Шинејд во својот статус на Твитер открила дека била во полиција и дека набрзо била пренесена во болница.
„Решив да го следам син ми. Нема смисла да живеам без него. Се што допрам, уништувам. Останав само поради него, а сега го нема. Го уништив семејството. Моите деца не ме сакаат. Јас сум по***на личност. А сите мислите дека сум добро затоа што знам да пеам. Јас не“, напишала таа, загрижувајќи ги нејзините придружници.


Сепак, пејачката набрзо се извинила за нејзините зборови.
„Жал ми е што ги вознемирив сите. Изгубена сум без своето дете и се мразам себеси. Болницата ќе помогне некое време“, рекла таа.

Да потсетиме, тинејџерот Шејн исчезна на почетокот на месецот, а полицијата веднаш почна да трага. Сепак, 17-годишникот бил пронајден мртов.
„По откривањето на телото во Бреј во Виклоу во петокот, 7. јануари, потрагата по исчезнатиот 17-годишен Шејн О’Конор е прекината“, изјавил портпаролот на полицијата.
Шинејд има уште три деца, 34-годишниот син Џејк Рејнолдс, 25-годишната ќерка Роисин и 15-годишната Џешуа.

Фото: Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ПОСЛЕ 23 ГОДИНИ ЖИВОТОТ ПОВТОРНО ГИ СПОИЛ: Се сакале и кога биле во брак со други луѓе

Се обиделе уште еднаш, не знаејќи каде тоа ќе ги одведе Грејс Миљакио (61) и …