(ФОТО) Професори од Хрватска хит на социјалните мрежи: Се маскирале во омилените ТВ ликови на своите ученици

Наставниците од средното училиште „Јосип Славенски“ во Чаковец од Хрватска ги развеселиле учениците со рекреирање на ликови од популарни филмови и серии. Така сакале да го означат почетокот на второто полугодие.


„Е. Т. сè уште сака да си оди дома, русокосата од Харвард ги крши стереотипите, во ‘Пеколен шунд’ уште одлично се танцува, Peaky Blinders шират страв и трепет, банда со црвени капи е желна за акција… Не, не плашете се, не сте заглавени во прејадување од празниците! Вашите професори, маскирани во херои од познати филмови и серии, го чекаат вашето враќање, сакајќи да ви покажат дека и покрај сите предизвици што ги поставуваат пред вас, тие се само луѓе, весели, духовити и добронамерни. Добре дојдовте во нашите училишни клупи во новата 2022. година и нека ни е толку среќна и за нас“, напишаа на Фејсбук.

Фото: Принтскрин/Facebook


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЈА ПРЕКИНАЛ прошталната турнеја: Елтон Џон има корона, откажал два концерта во САД

И’ покрај фактот дека бил вакциниран и со третата доза, Елтон Џон се заразил со …