(ФОТО) Девојче починало откако проголтало батерија, мајка и упатува апел до родителите

17-месечната Рис Хемсмит се разбудила во лоша состојба во октомври 2020. година. Таа ‘рчела и шмркала. Мајката на Триста веднаш го повикала педијатарот и му донела летаргично дете. На девојчето и препишале лекови и го испратиле дома.
Но, нејзиното тело горело внатре поради батеријата заглавена во грлото. Дури подоцна, кога родителите забележале дека недостасува батерија на далечинскиот управувач, сфатиле што се случува.
Тие веднаш се упатиле кон итната помош и нивните стравови биле потврдени. Рис ја проголтала батеријата, која направила дупка во нејзиниот хранопроводник. За неколку недели, во декември 2020. година, девојчето починало, и покрај бројните медицински процедури и долгото закрепнување во болница.


Сега Триста и нејзиното семејство ја споделуваат оваа приказна со надеж дека ќе ја спречат прераната смрт на другите деца.
„Во САД, се забележани 4.000 случаи на голтање „копчиња-батерии“ во 2020. година“, се вели во семејната петиција, со надеж дека ќе се соберат 150.000 потписи за да се донесе закон што ќе постави стандарди за употреба на такви мали батерии.


„Се проценува дека се пријавени само 11. отсто од сите случаи, што значи дека тоа им се случува на околу 36.000 деца годишно. Ова може да се спречи“, се додава.

Што е копче-батерија?
„Копче батериите“ се мали, рамни, тркалезни батерии што се користат во некои апарати за домаќинство. Кога батериите доаѓаат во контакт со вода (или плунка), електричната струја ја разградува водата, создавајќи корозивна супстанција слична на средството за чистење на рерната. Дури и кога се стари, батериите можат да произведат доволно електрична енергија за да предизвикаат изгореници во телото.
Копче – батериите може да се најдат во часовници, далечински управувачи, термометри, калкулатори, привезоци што светат, лажни свеќи, ваги, слушни помагала и патики и облека што светат.
„Да ги спасиме нашите деца“, вели Триста, повикувајќи ги родителите да ги проверат предметите во нивниот дом што имаат копче – батерии и да ги чуваат подалеку од дофат на деца.

Фото: Принтскрин/Facebook

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Тоше Проески и групата „903“ во досега необјавената песна „Марија“ од почетоците на неговата кариера

Вчера Тоше Проески да беа околностите поинакви ќе славеше роденден, а регионалните медиуми тоа го …