Сакате младешки изглед? Овие пет намирници ќе ви помогнат во тоа!

Овие намирници ќе ви помогнат да се подмладите…
Доколку сакате да избегнете естетска хирургија, внимавајте на исхраната за да постигнете младешки изглед, а во тоа ќе ви помогнат овие пет намирници.

Лосос
Омега 3 масните киселини придонесуваат за здрав развој на скалпот и ја одржуваат кожата мрсна. Протеините помагаат да се спречи појавата на недостаток на протеини, што може да влијае на промената на бојата на косата, лесно кршливи нокти и сува кожа.


Индиски орев
Богат е со цинк, а ако го консумирате ќе ја задржите косата сјајна, ќе спречите појава на бели дамки на ноктите и ќе ви помогне да ги залечите акните или крастите на кожата.

This image has an empty alt attribute; its file name is mesunki.jpg


Мешунки
Гравот, грашокот, сојата и другите мешунки содржат големи количини на биотин, комплекс од масни киселини кои ги зајакнуваат ноктите и косата.

Зеленчук со темно листови
Кељот, спанаќот и блитвата се само дел од намирниците кои се богати со витамините А и Ц кои му се потребни на телото за да произведе себум, масло кое се лачи во фоликулите на косата. Покрај тоа, конзумирањето зелен зеленчук за време на секој оброк му помага на вашето тело да добие повеќе железо, кое е неопходен елемент за формирање здрава коса и сјајна кожа.

Цели зрна
Почнете да консумирате леб од цели зрна или хељда, како и сите други производи од интегрален тип. Овие намирници се природен извор на селен, главниот минерал кој ја прави кожата здрава. Покрај тоа, студиите покажале дека консумирањето цели зрна ја одржува чистотата на кожата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЈА ПРЕКИНАЛ прошталната турнеја: Елтон Џон има корона, откажал два концерта во САД

И’ покрај фактот дека бил вакциниран и со третата доза, Елтон Џон се заразил со …