Разрешена ВД директорката на НУ Тетар Комедија

Министерката за култура Ирена Стефоска донесе решение за престанок на должноста на Магдалена Ризова Черних како в.д. директор на Национална установа„ Театар Комедија“ поради работа која не е во согласност со закон и статут и во други случаи предвидени со Закон.
Имено, од страна на раководното лице Магдалена Ризова Черних, вршител на должноста директор на Националната установа „Театар Комедија“ – Скопје, и покрај доставеното укажување од Министерството за култура за потреба од измени на подзаконскиот акт на Националната установа, до денот на донесување на решението за престанок на мандат, од страна на раководното лице и покрај надлежноста истото да се заврши во законски определен рок, не е направено усогласување на Статутот на Националната установа Театар Комедија – Скопје, согласно Меѓународната фраскатиева класификација.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина писателот Душко Родев

На 30 јуни 2022 г., во Скопје, по кусо боледување, во 91-та година од животот, …